Наум. Chapter 2
1 Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили.
2 Зашто Господ ке го воспостави величието на Јакова, како величието на Израилот, оти пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.
3 Штитот на неговите јунаци е црвен: војниците негови носат црвени облеки; колите бојни ке фрлаат оган во денот на борбата и гора од копја ке се лулее.
4 Колите ке траскаат по улиците и ке се судираат една со друга, ке изгледаат како запалени факели, и ке светкаат како молњи.
5 Тој ке ги повикува јунаците свои, но тие ке бидат бавни во одот, ке побрзаат кон sидовите на градот, но опсадата е веке подготвена.
6 Вратите од реките ке се отворат и дворот ке се урне.
7 Решено е: таа ке биде оголена и во плен одведена, а слугинките нејзини ке стенкаат како гулаби, удирајки се в гради.
8 Ниневија, откако беше основана, беше како водобран полн со вода, а тие бегаат. 'Стојте, стојте!'. Но никој не се свртува да погледа.
9 Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натарупаните скапоцени работи.
10 Ограбена, опустошена и разурната е таа - срцето се топи, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се потемнети.
11 Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејки ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж?
12 Каде е сега леглото на лавовите и пасиштата на лавчињата, каде што одеа лав, лавица и лавче, и никој не ги плашеше?
13 Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, и ке ги претворам во дим твоите бојни коли, и меч ке ги исече лавчињата твои, и ке го истребам од земјата грабежот твој; повеке нема да се чуе гласот на твоите пратеници.