Михеј. Chapter 6
1 Слушајте што вели Господ: 'Стани и суди се со горите и со ридовите да го чујат гласот твој!
2 Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се бори со Израилот.
3 Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.
4 Јас те изведов од Египетската земја, те ослободив од домот на ропството и ги водев пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.
5 Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одговори Валаам, синот Веров и што стана од Ситим до Галгал - за да ги познаеш праведните дела на Господа.
6 'Со што да застанам пред Господа, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?
7 Но може ли да Му се угоди на Господа со иљадници овни или неизмерни потоци елеј? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја - за гревовите на душата своја?'
8 О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш правично, да сакаш милосрдни дела и смирено да врвиш пред твојот Бог.
9 Гласот Господов вика кон градот и мудроста се претпочита пред Твоето име; слушајте го жезалот и Оној, Кој те поставил.
10 Па зар не се нао аат во домот на безножникот богатство несправедливо и мерка смалена, одвратна?
11 Можам ли да бидам чист со мерките на беззакониците и со мерките во мојата торба?
12 богаташите негови се полни со неправда, и жителите негови говорат неправда, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.
13 Затоа ке почнам да те поразувам со запустување поради гревовите твои.
14 Kе јадеш - и нема да се наситуваш; празнина ке има внатре во тебе; ке пазиш, но нема да забележуваш, а она што ке зачуваш, тоа Јас ке го предадам на меч.
15 Kе сееш, но нема да женееш; ке гмечиш маслинки, но нема да се намажеш со елеј; ке цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.
16 При вас се запазиле обичаите на Замврија и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ке те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ке претрпите поруга од Мојот народ.