Михеј. Chapter 5

1 Утврди се сега тврдино. И пак сме опседнати, со прат ке го бијат по образите судијата на Израилот.
2 И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал ме у иљадниците Јудејци, од тебе ке ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.
3 Затоа Он ке ги остави до времето додека роди онаа, кој треба да роди; тогаш при синовите Изаилеви ке се вратат и нивните други брака.
4 Kе застане Он и ке ги пасе со силата на Господа, со величието на името Господово, својот Бог - и тие ке живеат во мир, зашто тогаш Он ке биде велик до краиштата на земјата.
5 И Он ке биде мирот. Кога ке дојде Асур во нашата земја и ке стапи во нашето владение, тогаш ние против него ке поставиме седум пастири и осум народни кнезови.
6 Тогаш тие ке ја испасат земјата Асур со меч, а земјата на Немрода покрај портите, и Он ке не избави од Асура, кога ке дојде во нашата земја и ке влезе во пределите наши.
7 А остатокот од Јакова ме у многуте народи ке биде како роса од Господа, како ситен дожд по трева. Он нема да зависи од човек и нема да се потпира на синовите Адамови.
8 И остатокот на Јакова ке биде ме у народите, ме у многу племиња, како лав ме у горски sверови, како лавче ме у овчо стадо; и кога ке се појави, ке гази и ке растргнува и никој не ке може да се спаси од него.
9 Тогаш ке се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ке бидат истребени.
10 И во оној ден, вели Господ, ке ги истребам коњите твои пред тебе и ке ги уништам колите твои;
11 и ке ги сотрам градовите во твојата земја и ке ги растурам сите тврдини твои;
12 ке ги истргнам магиите од рацете твои, и при тебе не ке има веке вражачи;
13 ке ги уништам идолите и резаните ликови ме у тебе - и нема веке да се клањаш на творби од рацете твои;
14 и ке го искоренам од твојата средина идолските светилишта и ке ги разорам градовите твои.
15 Во гнев и со негодување ке се одмаздам над народите што ке бидат непослушни.