Малахија. Chapter 3
1 И ете, Јас ке го испратам ангелот Свој, и тој ке го приготви патот пред Мене, и ненадејно ке дојде во храмот Свој Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Он иде, вели Господ Саваот.
2 Но кој ке го издржи денот на Неговото доа ање, и кој ке устои, кога ке се јави Он? Зашто Он е како оган, што растопува, и пепелница што чисти,
3 па ке седне Он да претпува и да чисти сребро, и ке ги очисти синовите на Левија и ке ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.
4 Тогаш ке биде пријатна на Господа жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.
5 И ке дојде при вас за суд и ке биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене не се бојат, вели Господ Саваот.
6 Оти сум Господ, Јас не се изменувам; затоа вие, синовите на Јакова, не бевте уништени.
7 Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги запазивте; обрнете се кон Мене, и Јас ке се обрнам кон вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ке речете, како да се обрнеме?‘
8 Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Kе речете: ‘што крадеме од Тебе? - од десетокот и од приносите.‘
9 Со проклетство сте проколнати, зашто Ме одбирате - вие и сиот народ.
10 Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?
11 Заради вас ке им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот.
12 И блажени ке ве наречуваат сите народи, оти ке бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.‘
13 Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашувате: - што зборуваме против Тебе?
14 Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господа Саваот?
15 Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вршат беззаконие, па, иако Го искушуваат Господа, си остануваа незасегнати.
16 Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува споменкинига за оние што се бојат од Бога и го почитуваат името Негово.
17 И тие ке бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што ке го приготвам, и ке го милувам како што татко го милува синот свој, кој му служи.
18 И тогаш повторно ке ја видите разликата ме у праведник и безбожник, ме у оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи.