Исаија. Chapter 2
1 Слово, откриено во видението на Амосовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим.
2 И ете, во последните дни гората на домот Господов ке биде поставена на врвот од планините и ке се возвиси над ридовите, ке појдат кон неа сите народи.
3 Kе тргнат многу народи и ке речат: 'Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ке не научи на Своите патишта, и ке одиме по патеките Негови; зашто од Сион ке излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово.'
4 И ке им суди Он на народите и ке изобличи многу племиња; ке ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема поеке да се учат на војна.
5 О, доме Јаковов! Дојдете, ке одиме во Господовата светлина.
6 Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маесници си имаат како Филистејците, и општат со синови на ту инци.
7 Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат.
8 Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработка од своите раце, на она што нивните прсти го направиле.
9 Си поклонува ли човек, и се понижува ли маж - не простувај им.
10 Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие.
11 Ничкум ке паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај лу ето, ке се понизи; а само Господ ке стои високо во тој ден.
12 Зашто иде денот на Господа Саваот против се што е гордо и надуено и против се што е превознесено, - и тоа ке биде понизено, -
13 против сите кедри ливански, високи и величествени, и против сите дабови васански,
14 против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат,
15 против секоја висока кула и против секоја цврста sидина,
16 против сите тарсиски кораби и против сите нивни украси.
17 И ке падне човечкото величие, она што е високо кај лу ето ке се понизи; само Господ ке стои високо во тој ден,
18 а идолите сосема ке исчезнат.
19 И ке влезат лу ето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата.
20 Во тој ден човекот ке ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се клања,
21 за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата.
22 Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто - што знае тој?