Исаија. Chapter 23
1 Пророштвото за Тир. - Плачете тарсиски кораби, зашто тој е разрушен: нема куки и нема кој да влегува во куките. Тоа им беше соопштено од земјата Китијска.
2 Молкнете жители на островот, што го полнеа сидонските трговци, пловејки по море.
3 По големи води се пренесуваат во него житата на Сихор, жетвата на големата река; тој беше пазариште на народите.
4 Засрами се, Сидоне: зашто, еве што вели морето, морската тврдина: како да не сум се мачела со родилни маки и да не сум ра ала, како да не сум одгледувала момци, ниту израснувала моми.
5 Кога ке стигне веста до Египјаните, тие ке затреперат што ке чујат за Тир.
6 Преселувајте се во Тарсис, плачете, жители на островот!
7 Тоа ли е вашиот град кој ликува, чиј почеток е од древните дни? Нозете негови го носат, да се скита далеку во ту ина.
8 Кој го одреди тоа за Тир, што раздаваше венци, чии купувачи беа кнезови, а трговците негови - најпрочуени во земјата?
9 Господ Саваот го одреди тоа, за да посрами секоја горда слава, за да ги понизи сите најпрочуени во земјата.
10 Оди по земјата своја, тарсиска керко, како реката: нема повеке пречки.
11 Он ја протегна раката врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан - да ги разруши тврдините негови,
12 и рече: 'Нема повеке да ликуваш, посрамена девице, керко Сидонска, оди во Китин, но и таму нема да имаш мир.
13 Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Асур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги соборуваат дворците негови, го претвораат во урнатини.
14 Плачете, кораби тарсиски, зашто вашата тврдина е разрушена.
15 И во тој ден ке го заборават Тир за седумдесет години, колку се деновите на еден цар. А по седумдесет години ке се пее за Тир, како што се пее за блудница:
16 'Земи гитара, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убави, пеј многу песни за да се секаваат на тебе.'
17 И ете, по седумдесет години Господ ке го посети Тир; и тој пак ке земе да ја добива печалбата своја и ке блудствува со сите земни царства по целата вселена.
18 Но трговијата негова и печалбата му ке бидат посветувани на Господа; нема да бидат затворени и натрупани во клетви, зашто печалбата од трговијата негова ке преминува на оние што живеат пред лицето на Господа, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки.