Исаија. Chapter 27

1 Во тој ден Господ ке го порази со Својот тежок, со Својот голем и јак меч левијатанот - змејот што лета, а левијатанот - лукавиот змеј и ке го убие морското чудовиште.
2 'Во тој ден запејте за Него - за саканото лозје.'
3 Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноке и дење го вардам, за да не влезе некој во него.
4 Гнев нема во Мене. Но ако некој Ми покаже во него трње и боцки, ке кренам против него војна, ке го изгорам сосема, -
5 освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене.
6 Во идните дни Јаков ке се вкорени; Израил ке пушти гранки и ке расцути; и вселената ке се исполни со плодови.
7 Така ли го поразуваше Он, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа?
8 Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; исфрли го со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар.
9 И преку тоа ке се избрише беззаконието на Јакова; а плод од тоа ке биде: ке се симне гравот од него, кога сите камења од жртвениците ке ги претвори во грутка вар, нема повеке да стрчат млади шуми и идоли на сонцето.
10 Затоа утврдениот град ке запустее, живеалиштата ке бидат напуштени и зафрлени како пустиња. Таму ке пасе теленце, таму ке лежи и ке ги подјадува гранчињата негови.
11 Кога гранките ке му се исушат, ке ги искршат; ке дојдат жени и ке ги изгорат. Бидејки тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува.
12 Но во тој ден Господ ке растресе се од големата река до потокот Египетски, а вие, синовите Израилеви, ке бидете собрани еден до друг;
13 во тој ден ке затруби голема труба, и ке дојдат оние што се загубиле во Асирската земја и прокудените во Египетската земја и ке Му се поклонат на Господа на светата гора во Ерусалим.