Исаија. Chapter 24

1 Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна; го изменува нејзиниот вид и ги распрснува оние што живеат на неа.
2 Со свештеникот ке стане исто што и со народот, - со слугата, - исто што и со господарот негов; со слугинката, исто што - и со господарката нејзина; со купувачот, исто што и со продавачот; она што ке стане со оној, кој ке земе на заем, исто што, и со оној кој дава на заем; со оној, кој дава со интерес - исто и со оној кој зема под интерес.
3 Земјата е опустошена до крај и сосема разграбена, зашто Господ го изрече тоа слово.
4 Тагува, нажалена е земјата; опаднала, тажна е вселената; опаднале оние, што се издигале над народот на земјата.
5 И земјата е осквернета под жителите свои, зашто тие ги прекршија законите, го изменија уставот, го нарушија вечниот завет.
6 Затоа проклетство ја јаде земјата, а жителите нејзини трпат казна; затоа се изгорени престојувалиштата земни, малку лу е останаа.
7 Плаче гроздовиот сок; боледува лозата; воздивнуваат сите што се веселеа од срце.
8 Престана веселбата со тимпани; молкна вреваат на оние што се веселеа; стивнаа звуците на гуслите;
9 не пијат повеке вино со песни; горчлив е сикерот за оние што го пијат,
10 Разорен е запустениот град; сите куки се затворени, не може да се влезе.
11 Плачат за вино по улиците; потемне секаква радост; изгонета е секаква веселба од земјата.
12 Во градот остана само пустош, портите се искршени.
13 А среде земјата, ме у народите, ке биде истото, што станува кога маслинки тресат или пабирки од гроздобер.
14 Тие ке го кренат гласот свој, ке ликуваат во величието на Господа, силно ке воскликнуваат од морето.
15 И така, славете го Господа на исток, по островите морски - славете Го името името на Господа, Бога Израилев.
16 Од крајот на земјата слушаме песна: 'Слава на Праведниот!' И реков јас: 'Тешко мене, тешко мене! Злодејци зло вршат, на зол начин дејствуваат злодејците.
17 Ужас, јама и стапица за тебе, жителе земни!'
18 Тогаш, оној што избега од викот на ужасот, ке падне во јама; и кој ке излезе од јамата, ке падне во стапица; зашто прозорците од небесната височина ке се отворат, и основите земни ке се разнишаат.
19 Замјата се разрушува, земјата се распа а, земјата е силно разнишана;
20 земјата се ниша како пијан и се лула како лулка, и беззаконието и теже врз неа; таа ке падне - и повеке нема да стане.
21 И во тој ден Господ ке ја посети војската на висините, ке ги посети и земните цареви на земјата.
22 И ке бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ке бидат заклучени во темница и по многу денови ке бидат казнети.
23 Тогаш месечината ке поцрвени, и сонцето ке се засрами, кога Господ Саваот ке се зацари на гората Сион и во Ерусалим, и пред неговиот старешини ке стане слава.