Исаија. Chapter 25

1 Господи, Ти си Бог мој; ке Ти возвеличам, ке го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела; определени во старо време и вистинити. Амин.
2 Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина - во урнатини; нема повеке во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен.
3 Затоа ке Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ке се плашат од Тебе;
4 оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немокниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа.
5 Ти го скроти бујствувањето на непријателите, како припек - во безводно место; веселбата на угнетувачите е задушена, како припек - сенка од облак.
6 И Господ Саваот ке стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина;
7 врз таа планина ке ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.
8 Смртта ке биде проголтана за секогаш, ке ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ке го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.
9 И ке речат во тој ден: 'Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он не спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него!
10 Оти раката на Господа ке почива врз таа планина, и Моав ке биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште.'
11 И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ке ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови.
12 И ке ја собори, ке ја разруши тврдината со твоите високи sидишта, ке ја кутне на земја, во прав.