Исаија. Chapter 33

1 Тешко тебе, опустошителе, кој не си бил опустошуван; грабачу, што не си ограбуван! Кога ке го завршиш опустошувањето, ке бидеш опустошен и ти; кога ке прекратиш со грабежите, и тебе ке те ограбат.
2 Господи, помилуј не, на Тебе се надеваме! Биди наша мишка од рани зори и наше спасение во невоља!
3 Од страшниот глас Твој ке избегаат народите; кога ке се кренеш, ке се распрстан племињата,
4 ке го истребат пленот ваш, како што гасеница истребува; ке се нафрлат врз неа, како што скакулци се нафрлуваат.
5 Возвишен е Господ, Кој живее во висините; Он ке го исполни Сион со суд и правда.
6 Kе настанат твоите безопасни времиња, изобилно спасение, мудрост и знаење; стравот од Господа ке биде твоето богатство.
7 Ете, нивните јунаци викаат по улиците; пратениците за мир горко плачат.
8 Патиштата запустеа; патници веке нема; Он го наруши договорот, го разурна градот, - за ништо не ги смета лу ето.
9 Земјата тагува, се суши; Ливан е посрамен, овенат; Сарон заприлега на пустиња, а Васан и Кармил се оголени од лисјата свои.
10 Сега ке станам, вели Господ, сега ке се издигнам, сега ке се возвисам.
11 Сено сте зачнале, слама ке родите; дишењето ви е оган, кој ке ве голтне.
12 И народите ке бидат како вар, што врие, како пресечено трње ке бидат изгорени во оган.
13 Слушајте, вие, далечни, што ке направам; и вие, блиски, познајте ја Мојата мок.
14 Се уплашија грешниците на Сион; морници го обзедоа нечесните: 'Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?'
15 Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од подароци, ги затина ушите за да не слуша за крвнина, и ги затвара очите да не го гледа злото, -
16 тој ке живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ке му се даде леб; водата негова нема да пресуши.
17 Очите твои ке го видат Царот во Неговата убавина, ке видат далечна земја;
18 само срцето твое ке си спомни за ужасите: 'Каде е оној, што пребројуваше? Каде е оној, што го одмеруваше данокот? Каде е оној, што ги надгледуваше кулите?'
19 Нема повеке да видиш народ свиреп, народ со неразбирлив збор, со јазик ту , несфатлив.
20 Погледни го Сион, градот на вашите празнични собранија; очите твои ке го видат Ерусалим, мирно живеалиште и непоколеблива скинија; столбовите нејзини никогаш нема да се помрднат, и ниедно од јажињата нема да се скине.
21 Таму кај нас великот Господ ке биде место реки, место широко канали; таму нема да влезе ниедна ла а со весла, ниту ке премине голем кораб.
22 Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар: Он ке не спаси.
23 Ослабнаа јажињата твои, не можат да ги додржат јарболите и да ги затегнат платната. Тогаш ке има голем дележ на пленот, така и сакатите ке тргнат по грабеж.
24 И ниеден од жителите нема да каже: 'болен сум'; па на народот што живее таму ке му бидат простени гревовите.