Исаија. Chapter 37
1 Штом го чу тоа царот Езекија, ја раскина својата облека и се покри со врекиште, па отиде во домот Господов;
2 ги повика началникот на дворецот Елијакима, и писарот Свена, и старешините на свештениците, покриени со врекишта при пророкот Исаија, син Амосов.
3 И тие му рекоа: 'Вака вели Езекија: овој ден е ден на жалоста, казна и срам, зашто новороденчињата дојдеа до отворот на мајчината утроба, но сила нема за ра ање.
4 Можеби, Господ, твојот Бог, ке ги чуе зборовите на Рапсака, кого асирскиот цар, негов господар, го прати да Го навредува живиот Бог и да се подбива со зборовите, кои ги чу Господ, твојот Бог; за тоа принеси молитва за другите, што се уште живи.'
5 И отидоа слугите на царот Езекија при Исаија.
6 И им рече Исаија: 'Вака кажете му на вашиот господар: вака вели Господ: не плаши со од зборовите што ги чу, со кои Ме навредуваат слугите на асирскиот цар.
7 Ете, Јас ке испратам во него дух, и тој ке чуе вест и ке се врати во земјата своја, и Јас ке го поразам со меч во неговата земја.'
8 Тогаш Рапсак се врати и најде дека асирскиот цар војува против Ливна; зашто беше чул, оти господарот негов се повлекол од Лахис.
9 И тој чу за Тирхака, царот етиопски; нему му беа рекли: ете, тој излезе да војува со тебе. Кога го чу тоа, тој испрати гласници, при Езекија, велејки:
10 'Вака кажете му на Езекија, царот Јудејски: нека не те мами твојот Бог, на Кого се надеваш, велејки: Ерусалим нема да биде предаден во рацете на царот асирски.
11 Ете, ти си чул што направија асирските цареви со сите земји, ставајки врз нив клетва; та ти ли ке се избавиш?
12 Боговите на народите, кои татковците мои ги разорија, ги спасија ли, го спасија ли Гозан и Харан, Рецеф и синовите не Еден, што се во Теласар?
13 Каде е царот ематски, и царот арпадски, и царот на градот Сефарваим, Ена и Ива?'
14 И го зеде Езекија писмото од рацете на пратениците и го прочита, па отиде Езекија во домот Господов и го отвори пред лицето Господово;
15 се помоли Езекија пред лицето на Господ и рече:
16 'Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата.
17 Приклони го, Господи, увото Свое и чуј; отвори ги, Господи, очите Свои и погледај, чуј ги зборовите на Сенахерима, кој испрати да хулат на Тебе, живиот Бог.
18 Навистина, Господи, асирските цареви ги опустошија сите краишта и земјите нивни.
19 Тие ги изнафрлаа во оган боговите ниви; но тоа не беа богови, туку изработки од човечки раце, дрво и камен, затоа и ги уништија..
20 И сега, Господи, Боже наш, спаси не од раката негова: тогаш ке дознаат сите земни царства, дека Ти, Господи, си единствен Бог.'
21 И испрати Исаија, синот Амосов, до Езекија да кажат: вака вели Господ, Бог Израилев: 'За она што ти Ми се молеше против Сенахерима, царот асирски, -
22 еве го словото што Господ го изрече за него: ке те презре, ке ти се потсмее девицата, керката Сионова, ке ја заниша главата по тебе керката ерусалимска.
23 Кога ти прекоруваше и навредуваше? Против кого го подигна гласот и ги крена толку високо очите свои? Против Светецот Израилев.
24 Преку слугите свои ти го прекоруваше Господа, велејки: 'Со множеството мои коли се искачив на врвот од планините, врз ребрата на Ливан, ги исеков високите негови кедри, убавите негови кипариси, и стигнав до самиот врв негов, и до горичката негова;
25 и ископав и пиев вода; и со стапките на нозете свои ке ги исушам сите реки египетски.
26 Зар не си чул, дека Јас одамна го направив тоа, во стари дни го преднацртав, а сега го исполнив со тоа, дека ти го опустошуваш силните градови, претворајки ги во купишта урнатини?
27 Жителите нивни изнемоштеа; треперат и остануваат во срам; станале како трева по полето и нежно тревно растение, како тревки по покривите и препламнато жито пред да биде искласано.
28 Kе седнеш ли, ке излезеш ли, или ке влезеш - Јас знам се, ја знам и дрскоста твоја против Мене.
29 За твојата дрскост против Мене и за тоа, дека твојата надуеност дојде до ушите Мои, ке ја ставам алката Своја во ноздрите твои и уздата Своја - во устата твоја; ке те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол.
30 И, ете, ти, Езекија, доказ: јадете го оваа година израснатото од паднатото зрно, а во другата година - самоизраснатото; на третата, пак, година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги плодовите нивни.
31 Зашто преживеаните во домот Јудин, тие што ке останат, пак ке пуштат корен долку и ке дадат плод горе,
32 оти од Ерусалим ке произлезе остатокот, и од градот Сион - спасението. Тоа ке го изврши ревноста на Господа Саваот.
33 Поради тоа вака вели Господ за асирскиот цар: 'нема да влезе тој во овој град, ниту ке фрли таму стрела, и нема да се доближи до него со штит, ниту ке ископа опкоп околу него;
34 по кој пат дошол, по истиот и ке се врати, но во тој град нема да влезе, вели Господ.
35 Јас ке го бранам овој град, за да го спасам поради Себе и заради Мојот слуга Давида.'
36 Тогаш излезе ангел Господов и погуби во асирскиот логор сто и осумдесет и пет иљади души. Утредента станаа, и, ете, насекаде имаше само мртви тела.
37 И остстапи Сенахирим, царот асирски, та си отиде, се врати и живееше во Ниневија.
38 И кога се клањаше во домот на својот бог Нимрох, синовите негови Адрамелех и Сарасар го убија со меч, а самите избегаат во Араратската земја. И место него стана цас синот негов Асардан.