Исаија. Chapter 64
1 О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое,
2 како оган што растопува восок, како од оган што вода зовира, така ке го познаат името Твое напријателите и од Твоето лице ке затреперат народите.
3 Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, - гори се топеа од Твоето лице.
4 Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои не Него се надеваат.
5 Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ке бидеме спасени?
6 Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда - како извалкана облека; сите попа авме како лист; а беззаконијата наши како ветар не однесуваат.
7 Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и не остави да гинеме од беззаконијата свои.
8 Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти - наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.
9 Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
10 Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустиња стана Сион; Ерусалим е опустошен.
11 Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа.
12 По сево ова, ке се воздржуваш ли уште, Господи, ке молчиш ли и ке не назнуваш ли без мерка?