Исаија. Chapter 6
1 Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм.
2 Околу Него стоеја серафими; секој од нив имаше по шест криља: со две секој го криеше лицето свое, со две други ги криеше нозете свои, а со две леташе.
3 И викаа еден кон друг и велеа: 'Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава!'
4 И се разниша, горништето на вратите од гласот на оние што викаа, а домот се исполни со дим.
5 И реков: 'Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ исто така со нечиста уста, - а очите мои Го видоа Царот Господа Саваот!'
6 Тогаш долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот,
7 се допре до устата моја и ми рече: 'Ете, тоа се допре до устата твоја - и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очити.'
8 И го чув гласот на Господа, Кој рече: 'Кого да испратам у кој ке отиде заради нас?' А јас реков: 'Еве ме мене, испрати ме мене!'
9 Тогаш Он рече: 'Оди и кажи му на тој народ: ‘со ушите ке чуете и нема да разберете, и со очи ке гледате - и нема да видите.‘
10 Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да чујат и со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам.'
11 И реков: 'До кога, Господи?' Он рече: 'Додека запустат градовите и останат без жители, и куките без лу е, земјата сосема не се запусти,
12 додека Господ не ги оддалечи лу ето и голема пустош во таа земја да има.
13 И ако остане уште десеттиот дел на неа и се врати, таа пак ке биде разорена; но како од брест и даб, кога се и отсечени, останува коренот нивни, така светото семе ке биде нејзин корен.'