Исаија. Chapter 4

1 Во оној ден седум жени ке се фатат за еден маж и ке речат: 'Свој леб ке јадеме и своја облека ке носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име, - симни го од нас срамот наш.'
2 Во оној ден фиданката Господова ке се јави во убавина и чест, а плодот на земјата - во величие и слава, за спасените синови Израилеви.
3 Тогаш другите на Сион и измачените во Ерусалим - сите, запишани како да живеат во Ерусалим, ке се нарекуваат свети,
4 кога Господ ке ја измие нечистотијата на керките сионски и ке ја исчисти крвта на Ерусалим од средината негова со дух, кој суди и со дух, кој пали.
5 И ке направи Господ над секое место на Сион гора и над собранијата и дење облак и дим, а ноке - блесок од пламнат оган; зашто слава ке покрива се.
6 И ке има шатор за сенка дење од припек и засолниште и заклон од лошо време.