Исаија. Chapter 46

1 Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и товарните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни.
2 Се навалија, паднаа одеднаш; не можеа да ги зачуваат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство.
3 Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држав од ра ањето;
4 и до вашата старост Јас ке бидам Истиот, до вашите бели коси ке ве носам; Јас ве создадов и ке ве носам, ке ве поддржам и ке ве пазам.
5 Со кого ке Ме изедначите, и ке Ме споредите? Кого ке го земете за пример да прилега на Мене?
6 Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се клањаат и ничкум па аат пред него;
7 го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрдунува; му викаат, - тој не одговара, од невоља не спасува.
8 Спомнете си го тоа и покажете се мажи; земете го тоа при срце, отстапници;
9 спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене.
10 Јас го навестувам во почетокот она што ке биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: 'Мојата одлука ке се изврши, и се што Ми е угодно - ке го направам.'
11 Јас го повикав орелот од исток, од далечна страна, исполнителот на Мојата воља. Јас реков - и ке го извршам тоа; замислив - и ке го направам.
12 Послушајте Ме, жестокосрдни, вие, кои сте далеку од правдата:
13 Ја приближив Мојата правда - таа не е далеку, спасението од Мене нема да се забави; и ке му дадам на Сион спасение, на Израилот - Својата слава.