Исаија. Chapter 41
1 Молкнете пред Мене, острови, и нека народите ги обноват силите свои; нека се приближат и нека речат: да излеземе заедно на суд.
2 'Кој Го издига од исток Праведникот, кој Го повикува да оди пред Него? Кој Му ги предаде народите и Му ги покори царевите? Он ги претвори во прав со Неговиот меч, со Неговиот лак - во плева, развеана од ветар.
3 Он ги гонеше, одеше спокојно по патот, по кој никогаш не беше одел со нозете свои.
4 Кој го направи и изврши тоа? Оној, Кој во почетокот ги повика родовите; Јас, Господ, Јас сум првиот, и ме у последните - Јас сум истиот.
5 Островите видоа и се ужасија, краиштата земни затреперија. Тие се зближија и се собраа;
6 секој му помага на другарот свој и му вели на братот свој: 'Држи се!'
7 Ковачот го бодри леарот; кој ги сплескува со чекан листовите, му одобрува на оној, што кова на ковална, велејки за спојката: 'добра е'; и ја зацврстува со клинци, за да биде цврста.
8 'А ти, ти Израиле, слуго Мој, Јакове, кого Јас те избрав, семе на Авраама, пријателе Мој,
9 ти, кого го зедов од краиштата на земјата и го повикав од краиштата нејзини, и ти реков: Ти си Мој слуга, Јас те избрав и нема да те отфрлам.
10 Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ке те закрепам и ке ти помогнам, ке те поддржам со десницата на Мојата правда.'
11 Ете, постидени и засрамени ке останат сите, што се наежени против тебе, - ке бидат како ништо и ке загинат оние што се препираат со тебе.
12 Kе ги бараш - и нема да ги најдеш, нив, кои непријателствуваат против тебе; кои се борат со тебе; ке бидат како ништо, наполно ништо;
13 зашто Јас сум Господ, Бог твој; те држам за твојата десна рака, ти велам: 'не плаши се, Јас ти помагам.'
14 'Не се плаши, црву Јакове, малуброен Израиле, - Јас ти помагам, вели Господ, Јас твој Искупител, Светецот Израилев.'
15 Ете, Јас ке ти направам остар дикел, нов, назабен; ти ке ги кршиш и ке ги ситниш планините, и ридовите ке ги направиш како прав.
16 Ти ке вееш, ветрот ке ги разнесе, и виорот ке ги развее; а ти ке се зарадуваш во Господа, ке се фалиш со Светецот Израилев.
17 Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ке ги чујам, Јас, Бог Израилев, нема да ги оставам.
18 Kе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустињата ке ја направам езеро и сувата земја - водни извори;
19 ке насадам во пустиња кедар, ситим, мирта и маслинки, ке насадам во степите кипарис, јавор и бука наедно,
20 за да видат и познаат, и да ги разгледаат и разберат, дека раката Господова го направи тоа, дека Светецот Израилев го создаде тоа.
21 Претставете го делото свое, вели Господ; дајте ги доказите свои, вели Царот Јаковов.
22 Нека дојдат и нека ни кажат што ке биде; нека објават нешто, пред да стане, и ние ке проникнеме со умот свој и ке дознаеме, што ке биде потоа, или нека ни претскажат за иднината.
23 Кажете што ке биде во иднина, и ние ке познаеме дека сте богови, или направете нешто добро или лошо, за да се зачудиме и заедно со вас да видиме.
24 Но вие сте ништо, и делото ваше е ништожно; одвратен е оној што ве избра.'
25 Јас го подигнав од север, и тој ке дојде; од изгрев сонце ке го повикува името Мое и ке ги гази кнезовите како кал, и ке ги гази, како грнчар глината.
26 Кој објави за тоа од почетокот, за да знаеме, и многу порано, за да можеме да кажеме: 'навистина?' Но никој не кажал, никој не објавил, никој не ги чул вашите зборови.
27 Јас прв реков на Сион: 'ете го, и му дадов на Ерусалим благовесник.'
28 И така, Јас гледав, и немаше никого, ме у нив не се најде советник, за да можам да ги прашам, и тие да одговорат.
29 Ете, сите тие се ништо, ништожни се и делата нивни: ветар и ништожност се нивните идоли.