Исаија. Chapter 44

1 А сега слушај, Јакове, слуго Мој, и ти, Израиле, кого Јас го избрав.
2 Вака вели Господ, Кој те создаде и те обликува, Кој ти помага од мајчината утроба: не плаши се, слуго Мој Јакове, и возљубен Мој, кого Јас го избрав;
3 зашто ке излеам вода врз она што жедува, и потоци врз исушеното; ке го излеам духот Свој врз твоето племе и благословот Свој - врз твоите потомци.
4 Kе растат како трева крај извори, како врби крај водни потоци.
5 Еден ке рече: 'Јас сум Господов', друг ке се нарече со името на Јакова; а трет ке напише со раката своја: 'Јас сум Господов', ке се нарече со името Израилево.
6 Вака вели Господ, Царот на Израилот и неговиот Избавител, Господ Саваот: 'Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог;
7 зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми престстави се од она време, кога го усторов древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ке биде...
8 Не бојте се и не плашете се: нели оддамана ти соопштив и престкажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга никаква карпа не знам.
9 Оние, што прават идоли, сите се ништожни, нивните најсакани не донесуваат никаква корист тие сами се сведоци во тоа. Тие не гледаат, ниту разбираат, и затоа ке бидат посрамени.
10 Кој направил бог и излеал идол, што не донесува никаква корист?
11 Сите учесници во тоа ке бидат посрамени, зашто и самите мајстори сепак се лу е; сите тие нека се соберат и нека застанат; тие ке се уплашат и сите ке бидат посрамени.
12 Ковачот прави сечило од железо, со чекан го мазни и се труди над него со силната рака своја до толку, што прегладнува и премалува, не пие вода и изнемоштува.
13 Дрводелецот, откако ке одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома.
14 Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира ме у шумските дрвја, сади јасен, кого дождот го прави да расте.
15 И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и па а ничкум пред него.
16 Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: 'добро е, се згреав; почувствував топлина.'
17 А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, па а ничкум пред него и му се моли и вели: 'спаси ме, зашто ти си мој бог.'
18 Не знаат, ниту разбираат: 'Он им ги затворил очите, за да не гледаат, и срцата нивни - за да не разбираат.
19 И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: 'половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ке направам одвратност, зар ке се клањам на парче дрво?'
20 Рзбери дека срцето на идол е од пепел; измаменото срце твое те довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: 'нели е измама тоа што е во десната рака моја?'
21 Помни го тоа, Јакове и Израиле, зашто ти си Мој слуга; Јас те создадов; Мој слуга си ти, Израиле, не Ме заборавај.
22 Kе ги избришам како магла твоите беззаконија, и твоите гравови - како облак; сврти се кон Мене, зашто Јас те откупив.
23 Веселете се, небеса, зашто Господ го направи тоа. Ликувајте, длабочини земни; шумете од радост, гори и шуми и сите дрвја во нив; зашто Господ го откупи Јакова и ке се прослави во Израилот.
24 Вака вели Господ, Кој те откупува и Кој те обликува во мајчината утроба: Јас сум Господ, Кој се создадов, Сам ги спрострев небесата и со силата Своја ја послав земјата.
25 Јас ги правам ништожни доказите на лажните пророци и на видело го изнесувам безумието на ме есниците, Јас Кој ги вракам мудреците и знаењето нивно го обрнувам во лудост.
26 Го потврдувам зборот на Својот слуга и го извршувам изреченото од Моите пратеници, му велам на Ерусалим: 'Ти ке бидеш населен' и на градовите Јудини: 'Вие ке бидете изградени; и урнатините негови Јас ке ги возобновам.'
27 Јас и велам на бездната: 'Исуши се!' И реките твои Јас ке ги исушам.
28 Кој вели за Кира: 'Тој е Мој пастир, и тој ке ја исполни секоја воља Моја и ке му рече на Ерусалим: 'Ти ке бидеш одново изграден!' и на храмот 'ти ке бидеш основан!'