Исаија. Chapter 5

1 Kе му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид;
2 Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него одбор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи крбли; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.
3 Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете ме у Мене и Моето лозје.
4 Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?
5 Сега ке ви кажам што ке направам со лозјето Свое: ке ја иставам оградата, и тоа ке биде опустошено; ке му ги разрушам sидиштата, и ке биде газено:
6 ке го оставам да запусти: нема ни да го режат, ни да го копаат, - ке обрасне во трње и боцки, ке им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него.
7 Лозјето на Господа Саваот е домот Израилев, а лу ето на Јуда - Негова љубена градина. И чека Он правосудие, но ете - крвопролевање; чека правда, а ете - пискот.
8 Тешко ви вам, што притурате кука кон кука, што присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
9 Во ушите мои - Господ Саваот рече: - тие многубројни домови ке бидат пусти, тие големи и убави куки ке бидат без жители;
10 десет дулуми лозје ке дадат едно буре, а еден шиник посеано семе, одвај ке донесе една ефа.
11 Тешко им е на оние, кои од рано утро бараат сикер и до доцна вечер се згорештуваат со вино;
12 на нивните гоштавки има и гитара, и гусле, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господа тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
13 Затоа мојот народ ненадејно ке отиде во ропство; неговите големци ке гладуваат, богаташите негови ке се мачат од жед.
14 Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ке слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и се што ги весели
15 И ке се раскае човекот, ке се смири мажот, и очите на гордите ничкум ке поникнат;
16 а Господ Саваот се возвеличи во суд, светиот Бог ке ја соопшти светоста Своја во правда.
17 И овците ке си пасат по воља, и ту и ке се хранат со оставените плодни пасишта на богатите.
18 Тешко им на оние, што влечат по себе беззаконие со јажиња на суетноста и грев - како со колски ремења;
19 кои велат: 'Нека побрза Он и нека го забрза делото Свео, за да видиме, нема се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израилев, за да дознаеме!'
20 Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто - зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината - за темнина, горчливото - за слатко, а слаткото - за горчливо!
21 Тешко има на оние, кои се мурди во своите очи и разумни пред самите себеси!
22 Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и се во сила да приготвуваат жесток пијалок,
23 кои за подароци го оправдуваат виновниот и ги лишуваат праведните од законитиото!
24 Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го истребува сеното, така ке загине коренот нивни, цветот нивни ке се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господа Саваот и го презреа словото на Светецот Израилев.
25 Затоа гневот на Господа ке се разгори против Неговиот народ, ке ја протегне раката Своја против него и ке го порази, така што горите ке затреперат и труповите нивни ке бидат како убре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште ке биде протегната.
26 И ке крене знаме за далечни народи и ке им даде знак на оние што живеат на крајот од земјата, и ете, тие лсно и брзо ке дојдат;
27 кај нив нема да има ни умрен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови;
28 стрелите негови се изострени, сите лакови - им се затегнати; копитата на коњите нивни се како кремења, а колцата нивни - како виор;
29 рикањето нивно е како рикањето на лавица; тој рика како лавче и ке зарика, ке го зграпчи пленот и ке го однесе и никој нема да му го одземе.
30 Во оној ден ке зарика против него како божем рикање на разбеснето море; ке погледне Он на земајта, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.