Исаија. Chapter 56

1 Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто е близу спасението од Мене и откровението на Мојата правда.
2 Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја - за да не врши никакво зло.
3 Синот на другоплеменикот, кој се присоединил кон Господа, да не вели: 'Господ сосема ме оддели од Својот народ', и евнухот да не рече: 'Ете, јас сум суво дрво.'
4 Зашто вака вели Господ за евнусите: 'Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, -
5 ним ке им дадам во домот Свој и во sидините Свои место и име подобро, отколку на синовите и керките: ке им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.'
6 И синовите на другоплемениците, што се присоединиле кон Господа, за да Му служат и да го сакаат името на Господа, да бидат слуги Негови, - сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветото Мој,
7 Јас ке ги одведам на Мојата света гора и ке ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жртвите нивни ке бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ке се нарече молитвен дом за сите народи.
8 Господ Бог, Кој ги собира распраснатите Израилци, вели: кон собраните кај Израилот ке собирам и други.
9 Дојдете да јадете вие, сите sверови полски, сите sверови шумски!
10 Стражите нивни сите се слепи и неразумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејки бладаат и кои сакаат да спијат.
11 Тоа се пци со ненеситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири неразумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка:
12 'Дојдете - велат - ке донесеме вино, ке се напиеме сикер; и утре ке биде истото она што и денес, дури и повеке отколку денес.'