Исаија. Chapter 59
1 Ете, раката на Господа не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша.
2 Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.
3 Зашто рацете ваше се осквернети со крв, а прстите ваши - со беззаконие; устата ваша говори лага, јазикот ваш искажува неправда.
4 Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и ра аат беззаконие;
5 матат змијски јајца и ткаат пајажина; кој ке ги изеде јајцата нивни - умира, ако, пак, ги скрши - отровна змија ке използи - од нив.
6 Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни.
7 Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни - се мисли нечесни; по патеките нивни - опустошување и погибел.
8 Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.
9 Затоа е и далеку од нас судот, правдата не стигнува до нас: чекаме видело, а тоа темнина, - светлина, а одиме во мрак.
10 Го пипкаме sидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, ме у живите сме како мртви.
11 Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, - спасение, но тоа е далеку од нас.
12 Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведочат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме.
13 Ние изневеривме и излагавме пред Господа и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачнувавме и ра авме од срцата наши лажливи зборови.
14 И судот отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.
15 И исчезна вистината, а кој се оддалечува од злото, се изложува на оскрбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема суд.
16 И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата мишка Му помогна и правдата Негова Го подржа.
17 И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шлемот на спаснието; и се облече во риза на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.
18 Според делата, според делата ке им даде Он; на противниците Свои - со јарост, на непријателите Свои со одмазда, на островите ке им го даде заслуженото.
19 И ке се уплашат на запад од името на Господа, на исток - од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, - духот на Господа ке го истера.
20 И ке дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ.
21 И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да отстапат од устата твоја, од устата на потомствотоо твое и од устата на потомците на твоето потомство, вели Господ отсега и довека.