Исаија. Chapter 58
1 Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов - гревовите негови.
2 Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, кои како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог; сакаат да се приближат до Бога:
3 'Зашто ние постиме, велат, а Ти не гладаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш' - Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата воља и од другите барате тешки трудови.
4 Ете, вие постите за караници и расправии и за да биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините.
5 Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила врекиште и пепел? Тоа ли ке го наречеш пост и ден угоден на Господа?
6 Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;
7 раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, - облечи го, и од еднокрвниот не се криј.
8 Тогаш твојата светлина ке се јави како зора, и твоето здравје наскоро ке процути, твојата правда ке тргне пред тебе и славата Господова ке те придружува.
9 Тогаш ти ке повикаш - и Господ ке те чуе, ке извикаш - и Он ке рече: 'Еве Ме.' Кога ке го отстраниш од себе јаремот, кога ке престанеш да креваш прст и да говориш лошо,
10 кога ке му ја дадеш на гладниот душата своја и ке ја нахраниш душата на страдалникот, - тогаш твојата светлина ке изгрее во темнината, и мракот твој ке биде како пладне;
11 и Господ секогаш ке ти биде водач, а и во време на суша ке ја наситува душата твоја и ке ги крепи коските твои; ти ке бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.
12 Тогаш твоите потомци ке градат врз стари урнатини: ти ке ги востановиш основите на многу поколенија, и ке те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби.
13 Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, -
14 тогаш ке имаш радост во Господа, а Јас ке те искачам на височини земни и ке ти дадам да вкусиш од наследството на Јакова, твојот татко: устата на Господа го изрече тоа.