Исаија. Chapter 15
1 Пророштвото за Моав. Така! Ноке ке биде разорен Ар - Моав и уништен; така! Ноке ке биде разорен Кир - Моав и уништен!
2 Тој се искачува во храмот девонски за да плаче на височина; Моав липа над Невон и Медев; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради.
3 По улиците негови се препашуваат со врекишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
4 Пишти Есевон и Елеала; гласот нивни се слуша дури до Јаца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
5 Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до третата Егла; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6 зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
7 затоа тие го пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале.
8 Оти писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер - Елим;
9 бидејки водите на Димон се наполнија со крв, и Јас ке испратам врз Димон уште нешто ново, - лавови врз избеганите од Моав и против другите во земјата.