Исаија. Chapter 18

1 Тешко и е на земјата, која се осенчува со криља од онаа страна на етиопските реки,
2 која испрака гласници по море и рогозени чунови по водите! Одете, брзи гласници, при народ јак и бодар, при народ страшен од почетокот до денес, при народ здрав и кој се победува, чија земја реки ја пресечуваат.
3 Сите вие, што ја населувате вселената и живеете на земјата, гледајте кога ке се крене знаме на планините, кога ке затруби трубата!
4 Зашто, така ми рече Господ: Јас гледам спокојно од Своето живеалиште, како светла жега - по дожд, како облак роса - при жетвен припек.
5 Зашто пред гроздобер, кога грозјето ке прецути, и гроздот ке почне да узрева, Он ке ги исече со сорче прачките и ке ги одземе, и ке ги искастри фиданките.
6 Kе стават се на грабливите планински птици и на полските sверови: и птици ке летаат таму, а полските sверови таму ке зимуваат.
7 Во она време ке биде принесен дар на Господа Саваот од народ јак и бодар, од народ страшен од почетокот до денес, од народ здрав што гази друг народ, чија земја реки ја пресечуваат, - кај местото, каде што е името на Господа Саваот врз гората Сион.