Јона. Chapter 2

1 И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноки.
2 Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот,
3 па рече: 'Кон Господа повикав во мојата невоља Он ме чу; извикав од утробата на пеколот - и Ти го чу гласот мој.'
4 Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене.
5 Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ке ја видам светињата Твоја.
6 Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена.
7 Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ке ја изведеш душата моја од пеколот.
8 Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.
9 Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,
10 но јас со похвален глас ке Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ке го исполнам. Во Господа е спасението!'
11 Тогаш му заповеда Господ на китот, и тој го исфрли Јона на суво.