Јона. Chapter 4
1 Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува.
2 Па Му се помоли на Господа и рече: 'О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ке се сожалиш за бедата.
3 А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам.'
4 Господ пак му рече: 'Зошто тоа толку многу те огорчи?'
5 Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ке стане со градот.
6 Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение.
7 И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши.
8 А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејки: 'Подобро е да умрам отколу да живеам.'
9 А Бог му рече тогаш на Јона: 'Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?' А тој одговори: 'Многу сум лут, лут сум дури до смрт!'
10 Тогаш Господ рече: 'Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноки израсна и се исуши,
11 а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеке од сто и дваесет иљади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?'