Јоил. Chapter 2
1 Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, оти настапува денот Господен, бидејки е близу,
2 денот на темнина и мрак денот облачен и маглив: како зората ке се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ке има потоа од род во род.
3 Пред него оган ке голта, а зад него пламен ке пали; пред него е земјата како Едемска градина, за зад него земјата ке биде опустошена како пустиња, и за никого од него нема да има спас.
4 Изгледаат како коњи, потскокнуваат како коњаници,
5 скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како праскот од огнен пламен, кој гори слама - како силен народ построен за борба.
6 Штом ке се појави, ке затреперат народите; лицата на сите ке им побледат.
7 Како борци ке трчаат и како храбри борци ке се искачуваат по карпите, и секој ке си оди по својот пат и нема да се отстранува од патот свој.
8 И нема да се притискаат еден со друг, а ке па аат врз копја, но ке остануваат неповредени.
9 Kе трчаат по градот, ке се искачуваат по sидовите, ке влегуваат во куките, ке влегуваат и низ прозорците како крадачи.
10 Пред нив ке се потресе земјата, ке се расклати небото, сонцето и месечината ке потемнат, а и sвездите ке ја изгубат светлината своја.
11 И Господ ке го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и силен е оној што ке ја извршува вољата Негова; оти голем е денот Госпден и многу е страшен, и кој ке истрпи?
12 Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од се срце со пост, плач и ридание.
13 Раскинете го срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото.
14 кој знае дали нема да се смили и дали ке остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, вашиот Бог?
15 Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир.
16 Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженицот од својата одаја и невестата од својата горна одаја.
17 Ме у тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа и нека велат: 'Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто ме у нив да се зборува - каде е нивниот Бог?'
18 Тогаш Господ ке поревнува за земјата Своја, па ке се смили и на народот Свој.
19 Тогаш ке одговори Господ и ке му рече на народот Свој: 'Еве, Јас ке ви пратам леб, вино и елеј, и ке се наситите со тоа, и нема повеке да ве предавам на поруга пред народите.
20 И непријателот од север ке го мавнам и ке го протерам во безводна и пуста земја - предната сила - во источното море, а задната - во западното море, и ке се крене омразата од него, и ке се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло.
21 Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто голем е Господ и може да го направи тоа.
22 Не бојте се sверови полски, зашто пасиштата на пустињата ке се наполнат со трева, дрвјата ке го дадат својот плод, смоквата и лозјата ке ја покажат својата сила.
23 А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господа, вашиот Бог; оти Он ке ви дава умерен дожд, па ке ви прака дожд - дожд ран и дожд доцен, како и порано.
24 И ке се наполнат гумната со жито и ке се преполнат бочвите со гроздов сок и со елеј.
25 И ке ви надоместат за оние години, кога испојадоа се скакулците, црвите, бумбарите и гасениците - Мојата голема војска што ја пратив против вас.
26 И до наситка ке јадете и ке се наситувате и ке го славите името на Господа, вашиот Бог, Кој пред вас изврши големи чудеса, така што Мојот народ нема да се посрами довека.
27 И ке познаете дека Јас сум ме у Израилот и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека.
28 И, ете, потоа ке излеам од Мојот Дух врз секоја плот, и синовите ваши и керките ваши ке пророкуваат; старците ваши ке сонуваат соништа и младите ваши ке гледаат виденија.
29 А и врз слугите и слугинките во оние денови ке излеам од Мојт Дух.
30 И ке покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим.
31 Сонцето ке се преобрати во темнина, а месечината - во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот.
32 Тогаш секој, што ке го призовува името Господово, ке се спаси; бидејки на гората Сион и во Ерусалим ке има спасение, како што вели Господ, а и по другите места, што ке ги повика Господ.