Јоил. Chapter 3
1 Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ке ги вратам плениците на Јуда и од Ерусалим,
2 тогаш ке ги соберам сите народи и ке ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ке изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство - Израилот, кого го растурија ме у народите и земјата Моја ја разделија.
3 За народот Мој фрлија жреб и даваа момче за блудница, и продаваа девојче за вино, па пиеја.
4 Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне и сите краеви филистејски? Сакате ли да Ми отплатите или рака да Ми вратите? Но наскоро ке ја свртам отплатата ваша врз вашите глави,
5 бидејки вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни драгоцености и ги внесовте во безбожнички светилишта;
6 а синовите на Јуда и на Ерусалим ги продавате на синовите елински, за да ги отстраните од нивните предели.
7 Еве, Јас ке ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ке ја свртам вашата отплата врз главите ваши.
8 И ке ги предадам синовите ваши и керките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ке ги предадат на Савејците, народ далечен. Така вели Господ Саваот.
9 Кажете го ова ме у народите, пригответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници.
10 Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: силен сум.
11 Побрзајте, вие народи, сите наоколу и соберете се. Господи, поведи ги јунаците Свои!
12 Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ке седнам Јас за да им судам на народите по ред.
13 Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, оти злобата им е голема.
14 Групи, групи во долината на судот! Оти близу е денот Господен во долината на судот.
15 Сонцето и месечината ке потемнат, и sвездите ке го изгубат својот сјај.
16 И ке загрми Господ од Сион и ке го испушти гласот Свој од Ерусалим: ке затреперат небото и земјата; но Господ ке му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.
17 Тогаш ке познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ке стане Ерусалим светиња, и нема повеке ту инци да минуваат низ него.
18 И, ете, во тој ден, во тој ден од горите ке капе вино, а од ридовите ке потече млеко, и сите долини јудејски ке се преполнат со вода, а од домот Господен ке се појави извор, и ке ја напојува долината Ситим.
19 Египет ке стане пустиња и Едом ке стане пустиња, бидејки тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна.
20 А Јуда ке живее вечно, и Ерусалим - од род во род.
21 Јас ке ја измијам крвта нивна, која уште не сум ја измил, и Господ ке живее на Сион.