Езекиел. Chapter 2

1 Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Он ми рече: 'Сине човечки, стани на нозе, и Јас ке говорам со тебе.'
2 И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
3 Тогаш Он ми рече: 'Сине човечки, Јас те пракам при Израилевите синови, при непокорни лу е, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
4 Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце; при нив те пракам и ти ке им кажеш - вака вели Господ Бог.
5 Дали ке те послушаат или нема да те послушаат, бидејки тие се дом отстапнички - но нека знаат дека ме у нив имало пророк.
6 А ти, сине човечки, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ке се разбеснат и ке те навредуваат од сите страни; ме у нив ке живееш - како ме у трње и скорпии; не бој се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
7 и кажувај им ги зборовите Мои - па слушале тие или не, бидејки се тие непокорни.
8 А ти, сине човечки, чуј што ке ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ке ти го дадам.'
9 И видов, ете, протегната рака спрема мене, и во неа - книжен свиток.
10 И Он ги разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.