Езекиел. Chapter 27

1 И би слово Господово до мене:
2 'А ти, сине човечки, викни, па заплачи по Тир.
3 И кажи му на Тир, кој се населил при влезот на морето, и тргува со народите од многу острови - вака вели Господ Бог: Тире, ти велиш: 'јас сум совршена убавина.‘'
4 Твоите предели се во срцето на морињата; твоите градители совршено ја изградиле твојата складност;
5 од сенирски кипариси ги направија сите твои подови; зедоа од Ливан кедри, за да ти направат јарболи;
6 од васански дабови правеа весла; столовите ги правеа до буково дрво, ишарано со слонова коска од Китимските острови,
7 шарени платна египетски употребуваа за едра и служеа како знаме; сини и пурпурни ткаенини се земаа од Елинските острови за покривала.
8 Жителите сидонски и арвадски ти беа стругари; Тире, ти имаше вешти лу е; тие ти беа кормилари.
9 Старешините од Гевал и неговите вешти лу е ти служеа за разни поправки; ти имаше секакви морски кораби и едрењаци, кои ги служеа за тргување.
10 Персијците, Ливијците и Лидијците се нао аа во твојата војска и ти беа војници; закачуваа по тебе штитови и шлемови; тие ти придаваа величие.
11 Синовите Арватски со твојата сопствена војска стоеја наоколу по твоите sидови; и Гамадимците стоеја на кулите твои; тие беа ги закачиле своите штитови по твоите sидови наоколу; и тие ти ја претставуваа твојата убавина.
12 Тарсис, твојот трговец, располагајки со различно богатство, за стоките твои пла аше сребро, железо, олово и калај.
13 Јаван, Тувал и Месех тргуваа со тебе, разменувајки ги стоките за човечки души со бакарни садови.
14 Од домот на Тогарма ти донесуваа за стоките твои коњи, коњаници и маски.
15 Синовите на Дедан тргуваа со тебе; многу острови вршеа со тебе размена, ти плакаа со слонова коска и абанос.
16 Поради големото твое трговско богатство, тргуваа со тебе и Арамејците; за стоките твои ти плакаа со смарагд, пурпурно шарени ткаенини и висон, со корали и рубини.
17 Јудеја и земјата Израилева тргуваа исто така со тебе; за твојата стока ти плакаа со пченица, мириси и мед, елеј и балсам.
18 Дамаск поради богатството во стоки, поради изобилието на секакви работи, ти донесуваше хелвонско вино и бела волна.
19 Дан и Јаван од Узал ти плакаа за твоите стоки со изработки од железо, касија и цимет, за размена.
20 Со тебе тргуваше и Дедан со скапоцени волнени покривки за седла.
21 Арабија и сите кидарски кнезови вршеа размена со тебе: на јагниња, овни и кози.
22 Трговците од Сава и Рама тргуваа со тебе со секакви најблагопријатни мириси и со секакви скапоцени камења, и злато ти плакаа за твоите стоки.
23 Харан, Кан и Еден, савските трговци, Асун и Хилмат исто така тргуваа со тебе.
24 Тие ти продаваа скапоцени облеки од свилени и шарени материи што ги носеа на пазарите твои во скапи сандаци, направени од кедар и добро врзани.
25 Тарсиските кораби беа твои каравани во трговијата, и ти стана богат и многу славен ме у морињата.
26 Весларите твои те одведоа во големите води; источниот ветар те разби среде морињата.
27 Твоето богатство и твоите стоки, сите твои ризници, твоите бродари и твоите кормилари, кои ги поправаа твоите кораби, и ја пренесуваа твојата трговија, сите твои војници, какви што ги имаше и сето множество народ твој, при твоето па ање ке паднат во срцето на морето.
28 Од пискотот на твоите кормилари ке затреперат и околните места.
29 И ете од корабите ке излезат сите веслари, бродари, сите кормилари морски и ке излезат на земјата.
30 Со висок глас ке заплачат за тебе и тешко ке заофкаат, ставајки си пепел на главите свои и валкајки се во прав.
31 Kе ја истрижат за тебе косата своја до черепот, а ке опашаат врекишта и со горчлив плач ке заплачат за тебе од душевна мака.
32 И во тагата своја ке предизвикаат кај тебе жална песна, и така тие ке заплачат за тебе: 'Кој е како Тир, така разрушен среде морињата!'
33 Кога доа аа од морињата твоите стоки, ти задоволуваше многу народи; со големото богатство и со трговијата ти ги богатеше царевите на земјата.
34 А кога беше ти разбиен од морињата во водената бездна, твоите стоки и сиот твој народ потона.
35 Сите жители на островите се запрепастија за тебе и царевите нивни почнаа да треперат, лицата им се изменија.
36 Трговците на другите народи си потсвиркуваа за тебе; ти стана како страшило и нема веке да те има засекогаш.