Езекиел. Chapter 34
1 И би слово Господово до мене:
2 'Сине човечки, изречи пророштво против пастирите Израилеви, изречи пророштво и кажи им на пастирите - вака вели Господ Бог: тешко на пастирите Израилеви, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?
3 Вие јадевте масно месо и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте.
4 Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувате, истерани не вракавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.
5 Тие се распрснаа без пастир, и откако се растурија, станаа плен на сите полски sверови.
6 Скитаат овците Мои по сите планини и по секој висок рид и распрснати се по зелата земја овците Мои, и никој не прашува за нив, и никој не ги бара.
7 Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово:
8 Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајки пастир, станаа плен на сите полски sверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејки тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа,
9 затоа, пастири, чујте го словото Господово:
10 вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ке ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеке да ги пасат овците, и пастирите нема повеке да се пасат самите себе, и ке ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веке нема да бидат нивна храна.
11 Оти, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ке ги побарам овците Мои и ке ги прегледам.
12 Како што пастириот го проверува стадото свое, во оној ден кога ке се најде ме у своето распрснато стадо, така ке ги прегледам Јас овците Мои и ке ги ослободам од сите места, каде што биле прснати во ден облачен и мрачен.
13 Kе ги изведам од народите и ке ги соберам од земјите, ке ги доведам во земјата нивна и ке ги пасам по планините Израилеви, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.
14 Kе ги пасам на добро пасиште и ке имаат свое трло на високите Израилеви планини; таму во трлото ке се одмораат добро и ке пасат на сочно пасиште, по планините Израилеви.
15 Моите овци, Јас ке ги пасам и ке ги одморам, вели Господ Бог.
16 Изгубена ке најдам и истерана ке вратам, ранета ке превијам и болна ке излекувам, здебелена и бујна ке исчистам; ке ги пасам со правда.
17 Вас, пак, овци Мои, така вели Господ Бог, Јас ке ве судам ме у овца и овца, ме у овен и козел.
18 Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои.
19 Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го изматиле со нозете свои?
20 Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ке ве судам ме у овца згоена и овца слаба.
21 Бидејки со слабините и плеките се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор.
22 Но Јас ке ги спасам овците Мои и тие нема веке да бидат разграбувани, и ке пресудам ме у овца и овца.
23 И ке поставам над нив еден пастир, што ке ги пасе, слугата Мој Давида; тој ке ги пасе и тој ке им биде пастир.
24 И Јас, Господ, ке бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ке биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова.
25 И ке склучам со нив завет за мир и ке ги премавнам од тој дел на земјата сите лути sверови, така што тие ке живеат мирно во степата и ке спијат во горите.
26 Kе ги благословам нив се што е околу ридот Мој и ке им пракам навреме дожд; тоа ке бидат дождови благословени.
27 И дрвјате во полето ке го даваат својот плод и земјата ке ги дава своите производи; и тие ке бидат во безопаснот на земјата своја и ке познаат дека Јас сум Господ, кога ке ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели.
28 Тие нема веке да бидат плен за народите и полските sверови нема да ги јадат; тие ке живеат спокојно и никој нема да ги заплашува.
29 И ке им приготвам бујна градина, тие нема веке да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народите.
30 И ке познаат, дека Јас, нивниот Господ Бог, сум со нив и дека тие, домот Израилев, се Мој народ, вели Господ Бог,
31 и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте лу е, а Јас сум вашиот Бог,' вели Господ Бог.