Езекиел. Chapter 35
1 И би слово Господово до мене:
2 'Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво.
3 И кажи и: 'Вака вели Господ Бог - еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ке ја протегнам против тебе раката Своја и ке те направам пуста и ненаселена.
4 Градовите твои ке ги претворам во развалини и ти самата ке запустиш и ке познаеш, дека Јас сум Господ.
5 Бидејки во тебе има вечно непријателство и синовите Израилеви ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија.
6 затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејки со крв си згрешила и крвта ке те прогони; те гонам; оти крв не си мразела, затоа крвта ке те гони.
7 Планината Сеир ке ја направам пуста и степа без живот, и ке истребам во неа - и човек што доа а и човек што си оди.
8 И ке ги наполнам идолските светилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ке па аат поразени од меч.
9 Kе те направам вечна пустиња и во твоите градови ке нема живот, па ке познаеш, дека Јас сум Господ.
10 Бидејки ти велеше - овие два народа и овие две земји ке бидат мои и ние ке владееме со нив, иако е Господ таму.
11 Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ке постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ке им се јавам кога ке ти судам.
12 И ке познаеш, дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди, што ги искажуваше против планините Израилеви, велејки: ‘запустеа, нам ни се дадени за храна!‘
13 Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувете зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа.
14 Така вели Господ Бог: кога целата земја ке се радува, Јас ке те направам пустиња.
15 Како што се радуваше, што делот од Израилевиот дом запусти, така ке направам и со тебе - ке бидеш опустошена, планино Сеир, и цела Идумеја заедно со тебе, па ке познаат, дека Јас сум Господ.'