Езекиел. Chapter 9

1 Извика на ушите Мои со силен глас и рече: 'Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете.'
2 И ете, шестмина лу е влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а ме у нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сапфир и дојдоа, па застанаа до бакарниот жртвеник.
3 И славата на Бога Израилев се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог човекот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.
4 И му рече Господ: 'Мини по средината на градот, по средината на Ерусалим, и стави им знак на челата од лу ето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него.'
5 А на оние чув да им каже: 'Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете:
6 старец, момче и девојка, младенец и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од лу ето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште.' И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот.
7 И им рече: 'Осквернете го домот, наполнете го дворовите со убиени и излезете.' Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот.
8 А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: 'О, Господи, зар ке го истребиш сиот остаток на Израилот, изливајки го гневот Свој врз Ерусалим!'
9 И ми рече Он: 'Бесчестието на домот Израилев и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; оти тие велат: ‘Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘
10 Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ке ги свртам врз нивните глави.
11 И ете, човекот, облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, одговори и рече: ‘Извршив како што ми заповеда‘.'