Езекиел. Chapter 4
1 'А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;
2 и постави опсада околу него, направи тврдина спрема него, направи и насипи околу него, постаи логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање sидови.
3 Потоа земи железна плоча и постави ја како железен sид ме у себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ке биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ке биде знак за домот Израилев.
4 Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израилев; според бројот на деновите, - сто и педесет - во кои ке лежиш врз неа, толку ке го носиш беззаконието нивно.
5 А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновте; триста и деведесет денови ке го носиш беззаконието на домот Израилев.
6 И кога ке ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив.
7 Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.
8 Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ке можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.
9 Земи си пченица и јачмен, боб и лека, просо и ‘рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ке лежиш на страната своја, триста и деведесет денови ке ги јадеш.
10 И јадењата, со кои ке се храниш, јади ги со мерка, по дваесет сикли на ден; одвреме навреме јади го тоа.
11 И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.
12 А ке ги јадеш јачмените питки и печи ги пред нивните очи на човечко убре.'
13 И рече Господ: 'Израилевите синови така ке јадат нечист леб ме у оние народи, кај кои ке ги прогонам.'
14 Тогаш реков: 'О, Господи Боже, душата моја никогаш не се осквернила и од младини па се досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од sвер; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.'
15 И ми рече Он: 'Ти дозволувам место човечко убре, земи говедско убре, и на него печи го лебот свој.'
16 И пак ми рече: 'Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ке ја скршам лебната потпора, и ке јадат леб со мерка и во жалост, и вода ке пијат со мерка и во тага,
17 зашто при нив ке снема леб и вода, и тие со ужас ке се гледаат еден со друг и ке умрираат во беззаконието свое.'