Езекиел. Chapter 47

1 Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, бидејки храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.
2 Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3 Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше врвца; тогаш тој измери иљада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4 Потоа измери уште иљада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште иљада лакти и ме преведе преку: водата беше длабока до појасот.
5 И пак измери уште иљада лакти, а таму веке имаше поток, преку кој јас не можев да минам, бидејки водата беше толку висока, што требаше да пливам, оти тој поток не можеше да се прегази.
6 Па ми рече: 'Виде ли, сине човечки?' Потоа ми поведе назад кон брегот на потокот.
7 А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8 И ми рече: 'Ова вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во рамнината и потоа ке се влива во морето; и водите на потокот ке бидат здрави.
9 И секое живо суштество, што ке се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ке биде здраво; и риби ке има таму многу, зашто таа вода ке се влива таму; и водите на морето ке станат здрави, и каде што ке се влива тој поток, таму се ке биде живо.
10 И до него ке стојат рибари од Ен - Гади до Еглаим, ке фрлаат мрежи. Kе има секаков вид риба, како и во големото море, и ке има многу, многу риба.
11 Калиштата и барите негови, што нема да стана здрави, ке бидат оставени за сол.
12 По бреговите на потокот од едната и од другата страна ке растат секакви дрвја, што ке даваат храна; лисјата нивни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ке зреат нови, оти водата од светилиштато тече за нив; плодовите нивни ке служат како храна, а лисјата нивни - за лек.
13 Вака вели Господ Бог: 'Еве ја распределбата, според која вие ке треба да ја разделите земјата во наследство поме у дванаесетте Израилеви колена - на Јосифовите два дела.
14 Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ке им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ке ви биде наследство.
15 А еве ја границата на земјата: од север, почнувајки од големото море, преку Хетлон, по патот за Цедад,
16 Емат, Берот, Сивраим, што се нао а ме у областа на Дамаск, и Емат, Хацар Тихон, кој се нао а на Авранската граница.
17 И границата од морето ке биде до Хацар Енон, границата со Дамаск и понатаму на север се до областа Емат: тоа ке биде северниот крај.
18 Од источната страна повлечете црта ме у Авран и Дамаск, ме у Галад и земјата Израилева, по реката Јордан се до морето источно: тоа е источната граница.
19 А од јужната граница спрема југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, се по должината на потокот до големото море: тоа е јужната граница.
20 Западната граница ке биде великото море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21 Разделете си ја таа земја на делови според Израилевите колена.
22 А разделете ја со жреб како наследство свое и наследство на другоземци, што живеат при вас, и кои родиле деца при вас, па и тие нека се сметаат како ту оземци, и да имаат дел од наследството ме у колената Израилеви.
23 При чие колено живее ту оземец, при него дајте му и негово наследство, вели Господ Бог.