Езекиел. Chapter 40

1 Во дваесет и петтата година по нашето преселување, во почетокот на годината во десеттиот ден од месецот, во четиринаесеттата година по разурнувањеот на градот, во овој ист ден беше раката Господова врз Мене и Он ме поведе таму.
2 Во виденијата Божји ме заведе Он во земјата Израилева и ме постави на многу висока планина, и на неа од кај југ се гледаше нешто како изграден град.
3 Ме поведе таму, и, ете, маж еден, кој изгледаше како светол бакар, а во неговата рака ленена врвка и трска за мерење, и тој стоеше пред портите.
4 И ми рече тој маж: 'Сине човечки, гледај со очите и слушај со ушите и сето ова земи го при срце, ова што ке ти го покажам, бидејки ти поради тоа и си доведен овде, за да ти го покажам тоа; за се што ке видиш, извести го домот Израилев.'
5 И ете, имаше sид околу храмот, а во раката на тој човек трска за мерење од шест лакти, а лакот беше по лакот и дланка, и го измери тој храмот, една трска широчина и една трска височина.
6 Потоа отиде кај портите, кои беа поставени спрема исток, се искачи по стапалата нивни и измери дека едниот праг од портата беше една трска широчина, а другиот праг пак една трска височина.
7 И секоја околна соба беше по една трска долга и по една трска широка, а ме у собите имаше пет лакти и прагот на портите во тремот зад портите беше пак една трска.
8 Го измери тој тремот зад портите - пак една трска.
9 А тремот пред портите - осум лакти, и столбовите два лакта. Тој трем пред портите беше отстрана на храмот.
10 Собите од источната страна кај вратите беа три од едната страна и три од другата страна; една мерка имаа сите три и една мерка имаа столбовите од едната и од другата страна.
11 Ги измери тој отворите на вратите - тие беа по десет лакти широки, а должината нивна - тринаесет лакти.
12 Пред собите имаше од едната и од другата страна ограда од по еден лакот. Тие соби од едната страна имаа шест лакти и од другата страна - шест лакти.
13 Потоа ги измери тој вратите од стреата на едната соба до стреата на другата соба - дваесет и пет лакти широчина: врата спроти врата.
14 А и столбовите ги измери тој: шеесет лакти, секој столб околу дворот и при вратите.
15 И од предната страна на влезот во вратите до предната страна на внатрешната врата - педесет лакти.
16 Решетчести прозорци имаше и во околните соби и при столбовите нивни однатре кај вратите наоколу; исто така и во тремовите наоколу имаше прозорци од внатрешната страна, а на столбовите - палми.
17 И ме одведе тој во надворешниот двор, и, ете, таму - соби, имаше направен под од плочи околу дворот. Триесет соби имаше на тој плочник.
18 И тој плочник беше од кај страните на вратите, според должината на вратите, маку понизок.
19 И го измери тој по ширината од долните врати до надворешниот крај на внатрешноста во дворот: сто лакти - кон исток и кон север.
20 Ја измери исто така должината и ширината на вратите од надворешниот двор, свртени спрема север;
21 и при нив околните соби, три од едната страна и три од другата; и столбовите нивни и продолженијата нивни имаа иста мерка како и првите врати - долги по педесет лакти, а широки по дваесет и пет лакти.
22 И прозорците нивни и продолженијата нивни и палмите нивни имаа иста мерка, како и вратите, свртени спрема исток; а се влегуваше во нив по седум степеника и пред нив имаше уште и продолженија.
23 И во внатершниот двор, вратата спроти северните и источните врати; и ја измери тој должината од врата до врата - сто лакти.
24 И ме поведе кон југ, а таму имаше јужна врата; и ги измери тој столбовите и продолженијата - имаа истоа мерка.
25 И прозорците во нив и во тремот им беа исто такви како оние прозорци: долги педесет лакти, а широки дваесет и пет лакти.
26 Влезот до нив - седум степеника, и тремови имаше пред нив; и украси од палма на столбовите - еден од едната страна и друг од другата страна.
27 И во внатрешниот двор имаше јужна врата; ја измери тој должината од врата до врата јужно - сто лакти;
28 и ме поведе тој преку јужната врата во внатрешниот двор; ја измери јужната врата - иста мерка.
29 И собите околни и столбовите нивни и тремовите нивни - иста мерка, а имаше и прозорци во нив и во тремовите нивни наоколу; се во долждина педесет лакти, а широчина - дваесет и пет лакти.
30 Тремови имаше наоколу, со должина од дваесет и пет лакти и ширина од пет лакти.
31 Тремовите беа од кај надворешниот двор, а палми имаше на столбовите нивни при искачувањето кон нив - остум стапки.
32 Ме поведе тој преку источната врата во внатрешниот двор и мерката на таа врата беше со иста мерка,
33 И собите отстрана, столбовите нивни и тремовите нивни имаа иста мерка; а и прозорци имаше кај нив и во тремовите нивни наоколу; должина - педесет лакти, а ширина дваесет и пет лакти.
34 Тремовите нивни беа од кај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми од едната и од другата страна; искачувањето кон нив - осум степеника.
35 Потоа ме одведе пред северната врата, ја измери и таа имаше иста мерка.
36 Нејзините соби од страна, столбовите нејзини, тремовите нејзини и прозорците во нив, беа наоколу; сето тоа имаше должина педесет лакти и ширина - дваесет и пет лакти.
37 Тремовите беа од кај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми - една од едната страна и друга од другата страна; искачувањето кон нив - осум степеника.
38 Имаше исто така соба со влез во неа при столбовите на вратата, таму се миеја жртвите за сепаленици.
39 А во тремот пред вратите беа поставени две маси од едната страна и две од другата страна, за да се колат на нив жртвите за сепаленици и жртвите за грев и жртвите за престап.
40 И однадвор, од кај вратата при влезот во отворот на северната врата имаше две маси, и од другата страна до тремот покрај вратата имаше две маси.
41 Четири маси од едната страна и четири маси од другата страна, од кај страната на вратите; вкупно осум маси, на кои се колат жртвите.
42 А имаше и четири маси за приготвување на сепалениците - од делкан камен, долги по еден ипол лакот и широки по еден ипол лакот, а високи еден лакот; врз нив се оставаат ножеви за колење на жртвите за сепаленици и на други жртви.
43 И куки големи колку една дланка имаше закачени на sидовите од зградата наоколу, а на масите го ставаа жртвеното месо.
44 Однадвор, кај внатрешната врата, имаше соби за певците; во внатрешниот двор од кај северната врата, една свртена со лицето кон југ, а другата странична јужна врата, свртена со лицето кон север.
45 И ми рече тој: оваа соба, што е свртена со лицето кон југ, е за свештениците што ке бдеат на стража во храмот.
46 А собата што е свртена со лицето кон север - за свешниците, што ке бдеат на стража кај жртвеникот: тоа се синовите на Садока, кои едини од синовите Левиеви можат да се приближуваат до Господа за да Му служат.
47 Го измери тој дворот: сто лакти долг и сто лакти широк, четириаголен, а пред храмот беше жртвеникот.
48 И ме поведе во тремот на храмот, па ги измери столбовите на тремот: по пет лакти од едната страна и пет лакти од другата страна; вратите, пак, беа по три лакти широки, од едната страна и по три лакти од другата.
49 Тремот беше долг дваесет лакти и широк единаесет, и искачувањето кон него десет степеника; имаше и потпори кај столбовите: една од едната страна и друга од другата страна.