Езекиел. Chapter 5

1 'А ти, сине човечки, земи си остар нож, како берберски брич, па мини го преку главата своја и брадата, и земи мерила, и раздели ја косата на делови.
2 Третиот дел изгори го на оган среде градот, кога ке се завршат деновите на опсадата; вториот дел земи го и исечи го со нож по околината негова; а третата третина развеј ја на ветар; Јас, пак, ке го извлечам мечот по нив.
3 И земи од тоа, па врзи го тоа во полите од својата облека.
4 Но од тоа земи пак малку и фрли го во оган, и изгори го во огнот. Оттаму ке излезе оган врз целиот дом Израилев.
5 Така вели Господ Бог: тоа е Ерусалим. Јас го поставив среде народи, и го опкружив со земји.
6 А тој стана против наредбите Мои понечесно од незнабошците, и против Моите повелби - полошо отколку земјите околу него; зашто тие ги отфрлија наредбите Мои и не постапуваат според повелбите Мои.'
7 Затоа вака вели Господ Бог: 'Бидејки вие ги намноживте гревовите свои повеке од незнабошците, кои се околу вас, по Моите уредби не одите и наредбите Мои не ги извршувате, и не одите дури ни според уредбите на незнабошците, кои се околу вас.'
8 Затоа, вака вели Господ Бог: 'Ете, и Јас сум против тебе, јас Самиот, и ке извршам среде тебе суд пред очите на незнабошците.
9 Па поради сите твои одвратности, ке ти направам тебе, како што никогаш не сум направил, а нема и во иднина да направам.
10 Затоа таковците ке ги јадат синовите свои среде тебе, а и синовите ке ги јадат татковците свои; и ке извршам над тебе суд, и сиот твој остаток ке го развејам по сите ветрови.
11 Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог: бидејки ти го оскверни Моето светилиште со сите твои одвратности и со сите твои гадотии, Јас ке те смалам, и Моето око нема веке да те пожали, и Јас нема да се смилувам над тебе.
12 Третиот дел од тебе, од помор ке изумре и од глад ке загине среде тебе; втората третина од меч ке падне во твојата околина; а третината ке ја развеам од сите ветрови, и ке го извлечам мечот по нив.
13 Така ке се исполни Мојот гнев, и ке ја смирам Својата јарост над нив, и ке се задоволам; и кога ке се излее јароста Моја врз нив, тогаш ке разберат дека Јас, Господ, сум им зборувал во ревноста Своја.
14 Kе те претворам во пустиња и за поруга ме у народите, кои се околу тебе, пред очите на секој минувач.
15 Kе бидеш за потсмев и за поруга, за срам и ужас кај народите што се околу тебе, кога ке го извршам над тебе судот во гнев и јарост, и преку јаросни порази - Јас Господ го говорев тоа,
16 И кога ке пратам врз нив лути стрели на глад, што ке истребува, кога ке ги пратам за ваша погибел и за засилување на гладот при вас, и ке ја уништам лебната поткрепа кај вас.
17 А ке пратам врз тебе глад и лути sверови, кои ке те лишат од децата; и помор и крв ке мине преку тебе, ке испратам меч врз тебе; Јас, Господ го кажав ова.'