Езекиел. Chapter 15

1 И би слово Господово до мене:
2 'Сине човечки, какво предимсто има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората?
3 Зар се зама од него парче за некаква изработка; земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа?
4 Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огонот му го подгорува, па му ја изгорува и средената; може ли да стане од него нешто за некаква изработка?
5 И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште повеке, кога огнот ке го подгори и го обгори, па ке биде ли тоа за некаква изработка?
6 Затоа, вака вели Господ Бог: - како што дрвото од лоза ме у горските дрвја го предадов на оган, за да изгори, така нему ке му ги предадам и ерусалимските жители.
7 И ке го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ке излезат и друг оган ке ги проголта, па ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке го свртам лицето Свое против нив.
8 И ке ја направам таа земја пустиња, затоа што постапија вероломно', вели Господ Бог.