Езекиел. Chapter 8

1 Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господа Бога.
2 И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре - некаква светлина слична на светлина од пламен.
3 И како да ја протегна раката свој и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна ме у земјата и небото и ме занесе во Божји виденија во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, свртена кон север каде што беше поставен идолот на ревноста, кој побудува ревност.
4 И, ете, таму беше славата на Бога Израилев, слична на онаа каква што видов во полето.
5 И ми рече: 'Сине човечки, подигни ги очите свои спрема север!' Ги подигнав очите свои спрема север, а од северната страна при вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на ревноста.
6 И ми рече Он: 'Сине човечки, гледаш ли што прават; ги гледаш ли големите гадотии, што се вршат тука во домот Израилев, за да се оддалечат од Моето светилиште. Но сврти се, и ке видиш уште поголеми одвратности.'
7 И ме доведе при влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во sидот.
8 И ми рече: 'Сине човечки, копни во sидот.' Јас копнав во sидот и ете таму видов некаква врата.
9 И пак ми рече: 'Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.'
10 Влегов и гледам, а тоа секакви изобразени животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израилев, насликани по sидовите наоколу.
11 И седумдесетмина мажи од старешините на домот Израилев стојат пред нив, а Језаниј, синот Сафониев, поме у нив; и кај секого од нив во раката - кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.
12 И ми рече: 'Гледаш ли, сине човечки, што прават во темнина старешините на домот Израилев, секој во својата изнашарена соба, оти велат: 'Не не гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.'
13 И пак ми рече: 'Сврти се и ке видиш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.'
14 И ме доведе до влезот на вратата од домот Господен, кој е кој север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуза,
15 и ми рече: 'Гледаш ли, сине човечки, сврти се и ке видиш уште поголеми гадотии.'
16 Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господен, а таму пред вратата на храмот Господен, ме у тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господен, а со лицето кон исток и се клањаат на сонцето спрема исток.
17 И ми рече: 'Гледаш ли, сине човечки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.
18 Затоа и Јас ке почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои - нема да ги чујам.'