Еремија. Chapter 25

1 Слово што дојде до Јеремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоакима, синот Јосиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор,
2 кои пророкот Јеремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејки:
3 од тринаесеттата година на јудејскиот цар Јосија, синот Амонов, па до денес, ете веке дваесет и три години, доа а до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не послушавте.
4 Господ ги пракаше при вас сите Свои слуги - пророците, од рано утро ги испракаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате.
5 Вам ви велеа: 'отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека;
6 и не одете по други богови, за да им служите и да им се клањате, и немојте да Ме разгневувате со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.'
7 Но вие не Ме послушавте, вели Господ, и ме разгневувате со делата на рацете свои, за свое зло.
8 Затоа, така вели Господ Саваот: поради тоа што не ги послушавте зборовите Мои,
9 еве, Јас ке пратам и ке ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ке испратам до вавилонскиот цар Навуходоносор, Мојот слуга, и ке ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ке ги истребам и ке ги направам за ужас, за потсмев и за вечна пустош.
10 И ке ги прекратам во нив гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста, звукот од веденичен камен и светлината од светило.
11 И целата таа земја ке стане пустиња и ужас; и тие народи ке му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.
12 А кога ке се исполнат седумдесетте години, ке го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното бесчестие, и земајта Халдејска ке ја направам вечна пустиња.
13 И ке ги исполнам над таа земја сите Мои збовори, што ги реков против неа, се што е напишано во оваа книга, што Јеремиј пророчки го кажа против тие народи.
14 Оти и нив ке ги поробат многубројните народи и големи цареви. И Јас ке им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.
15 Зашто така ми рече Господ, Бог Израилев: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, при кои ке те пратам.
16 И тие нека пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ке видат меч, што ке го пратам против нив.
17 Ја зедов чашата од раката Господова и ги напоив од неа сите народи, при кои Господ ме прати:
18 Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, потсмев и проклетство, како што се гледа сега;
19 Фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов;
20 сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата Филистејска, Аскалон и Газа, Екрон и другите делови на Азот,
21 Едом, Моав и Амоновите синови,
22 сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се нао аат отаде морето,
23 Дедана, Тема, Буза и сите што ги потстрижуваат зулуфите свои,
24 сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустињата,
25 сите цареви на Зимврија и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија,
26 сите цареви на север, што се блиски еден до друг, а и далечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Сесах ке пие по нив.
27 Па кажи им: вака вели Господ Саваот, Бог Израилев - пијте и опијте се, повракајте и паднете, и не станувајте, кога ке го видите мечот, што ке го испратам против вас.
28 Ако се откажат, пак, да пијат од чашата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот - морате да пиете.
29 Оти, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ке останете неказнети? Не, нема да останете неказнети; бидејки Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Господ Саваот.
30 Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ке загрми од висините и од своето свето живеалиште; ке издигне глас, ке загрми страшно против својот насад; како оние што гмечат грозје, ке извика против сите, што живеат по земјата.
31 Шумот ке се протегне од сите краишта земни, бидејки Господ им суди на сите народи: Он ке му суди на секое тело, а нечесните ке ги предаде на меч, вели Господ.
32 Така вели Господ Саваот - ете, злото ке мине од народ кон народ, и голем виор ке се подигне од краиштата земни.
33 А во оној ден ке има поразени од Господа од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ни прибрани ниту погребани, туку ке бидат како убре по земјата.
34 Плачете пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото; зашто се исполнија деновите ваши, за да бидете заклани и расфрлани, па ке паднете како скапоцен сад.
35 и не ке има прибежиште за пастирите и спас - за водачите на стадото.
36 Kе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејки Господ ке ги опустоши пасиштата нивни.
37 Јароста на гневот Господен ке ги истреби мирните трла.
38 Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустиња од јароста на опустошителот и од Неговиот пламенен глев.