Еремија. Chapter 37

1 Место Јехонија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јосиев, кого вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за цар во Јудејската земја.
2 Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа зборовите на Господа, кои Он им ги кажа преку пророкот Јеремија.
3 Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: 'помоли се заради нас на нашиот Господ Бог.'
4 Јеремија тогаш се уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејки уште не беа го затвориле во темница.
5 Во ме увреме Фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим.
6 И би слово Господово до пророкот Јеремија:
7 вака вели Господ, Бог Израилев - кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ке се врати во земјата своја, во Египет;
8 а Халдејците пак ке дојдат и ке се борат против овој град, ке го преземат и ке го изгорат со оган.
9 Така вели Господ - не лажете се, велејки си во себе: 'бездруго ке си отидат Халдејците од нас', зашто нема да си отидат;
10 дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.
11 И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради Фараоновата војска,
12 Јеремија појде од Ерусалим, па дојде во земјата на Венијамина, сокривајки се од народот.
13 А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: 'Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?'
14 Јеремија одговори - 'Лага е тоа; не сакам да бегам при Халдејците.' Но Јерај не го послуша, го фати Јеремија и го одведе кај кнезовите.
15 Кнезовите се разгневија на Јеремија, го биеја и го затворија во темница, во куката на писарот Јонатан, бидејки ја беа направиле затвор.
16 Кога Јеремија влезе во темницата и во визбата, таму остана повеке дни.
17 Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејки: 'Нема ли слово од Господа?' Јеремија одговори: 'Има', и додаде: 'ке бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар.'
18 Тогаш Јеремија му рече на царот Седекија: 'Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница?
19 И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат кажувајки: ‘Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘
20 А сега, чуј, господаре мој, царе, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не вракај ме во куката на писарот Јонатан, за да не умрам таму.'
21 Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, се додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата.