Еремија. Chapter 38

1 Сафатиј, синот Матанов, Годолиј, синот Пасхоров, Јухал, синот Селемиин, и Пасхор, синот Малхиев ги чуја зборовите, што ги кажа Јеремија пред народот, откако рече:
2 'Вака вели Господ - оној, што ке остане во овој град, ке умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ке појде при Халдејците, ке биде жив, и неговата душа ке му биде заменета место грабеж, и тој ке остане жив.
3 Така вели Господ - овој град бездруго ке биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ке го преземе.'
4 Тогаш кнезовите му рекова на царот: 'Овој човек нека биде предаден на смрт, оти влијае да ослабат рацете на војниците, што ке останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги кажа тие зборови; бидејки овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.'
5 И рече цаот Седекиј: 'Ете, тој е во ваши раце, бидејки царот не може ништо да направи против вас.'
6 Тогаш го фатија Јеремија и го фрлија во јамата на Мелхија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го пуштија Јеремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Јеремија падна во тињата.
7 И чу Авдемелех Етиопјанинот, еден од дворјаните, што се нао аше во царскиот дом, дека Јеремија го фрлија во јамата, а царот тогаш седеше пред портите Венијаминови.
8 Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот:
9 'Господаре мој, царе, лошо ти направија оние лу е што така постапија со пророкот Јеремија, кого го фрлија во јамата; тој ке умре таму од глад, оти во градот веке нема леб.'
10 Царот му заповеда на Авдемелеха Етиопјанинот и рече: 'Земи со себеси одовде триесетина лу е и извлечи го пророкот Јеремија од јамата, додека уште не умрел!'
11 Авдемелех зеде со себе лу е и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата при Јеремија.
12 И му рече Авдемелех Етиопјанинот на Јеремија: 'Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето. И Јеремија направи така.
13 Па го повлекоа Јеремија со јажето и го извлекоа од јамата. И остана Јеремиј во стражарницата.
14 Тогаш царот Седекиј прати, па го повика при себе Јеремија, при третиот влез за во домот Господен; и му рече на Јеремија - 'Kе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.'
15 И му рече Јеремија на Седекија: 'Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.'
16 И му се заколна тајно царот Седекиј на Јеремија, велејки: 'Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние лу е, што ја сакаат душата твоја.'
17 Тогаш Јеремиј му рече на Седекија: 'Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израилев - ако отидеш при кнезовите на вавилонскиот цар, душата ке ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ке бидеш жив, а и домот твој;
18 ако, пак, не појдеш при кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ке биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ке го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни.'
19 И му рече царот Седекија на Јеремија: 'Се плашам од Јудејците, кои појдоа при Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.'
20 И му рече Јеремија: 'Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ке ти биде добро, и жива ке остане душата твоја.
21 Ако, пак, не сакаш да појдеш еве го словото, што ми го откри Господ:
22 ете, сите жени, што ке останат во домот на јудејскиот цар, ке бидат одведени при кнезовите на вавилонскиот цар, и ке речат: 'тебе те излагаа и те победија твоите пријатели; нозете твои потонаа во тиња, а тие побегнаа од тебе,
23 и сите твои жени и децата твои ке ги одведат при Халдејците, и ти не ке можеш да избегаш од рацете нивни; ти ке бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ке направиш овој град да биде изгорен со оган.'
24 И му рече Седекија на Јеремија: 'Никој да не ги знае овие зборови, и тогаш ти нема да умреш;
25 ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат при тебе и ти речат - кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот,
26 тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме врака во домот на Јонатана, па да не умрам таму.'
27 И дојдоа сите кнезови при Јеремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал царот да каже, и тие молчешкум го оставија, бидејки не го разбраа она што му беше речено на царот.
28 И остана Јеремија во стражарницата до денот, во кој Ерусалим беше преземен. И Ерусалим го презедоа.