Еремија. Chapter 17

1 Гревот на Јуда е напишан со железно длето, со врв од дијамант е врежано врз плочите на срцето нивно и врз роговите на нивните жртвеници.
2 Та синовите нивни да се секаваат на нивните жртвеници и на нивните светилишта покрај зелените дрвја, на високи ридови.
3 Мојата гора во полето, имотот твој, и сите твои драгоцености ке ги предадам на разграбување, и твоите идолски светилишта - за твоите гревови во сите твои предели.
4 И ти поради себеси ке се лишиш од наследството свое, што ти го бев дал, и ке те пратам во ропство кај твоите непријатели, во земјата, која ти не ја познаваш, заради тоа што вие го разгоревте огнот на Мојот гнев, он ке гори вечно.
5 Така вели Господ: проклет да е оној човек, што се надева на човек и кој телото свое го смета за сила, и чие срце се клони од Господа.
6 Тој ке биде како троскот во пустиња и нема да види кога ке дојде доброто, па ке се насели во топли пустињски места, во неплодна земја и негодна за живеење.
7 Благословен е оној човек, кој се надева на Господа, и кому надежта му е Господ.
8 Затоа што тој ке биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не знае кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод.
9 Лукаве е човечкото срце повеке од се и е наполно расипано; кој ке го разбере?
10 Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам утробата, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.
11 Јаребицата лежи врз јајца што не ги снесла: таков е оној, кој со неправда спечалува богатство; тој ке го остави во половината до животот свој и ке стане глуп пред крајот свој.
12 Престолот на славата, возвишен уште од почетокот, е место за нашето осветување.
13 Ти си, Господи, надеж Израилева; сите оние, кои Те оставаат нека се засрамат. 'Кој отстапува од Мене нека биде запишан на земјата, зашто го оставија Господа, изворот на жива вода.'
14 Исцели ме Господи, и исцелен ке бидам; спаси ме, и спасен ке бидам, зашто Ти си моја похвала.
15 Еве, тие ми велат: 'каде е словото Господово? нека дојде!'
16 Јас не брзав да стана пастир при Тебе и не го сакав бедниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое.
17 Не биди страшен за мене, Ти си надеж моја во лош ден.
18 Нека се засрамат гонителите мои, но јас нема да се посрамам; нека затреперат, а јас нема да затреперам; испрати врз нив злочест ден и уништи ги со двојно уништување.
19 Така ми вели Господ: оди и застани пред портите на синовите народни, низ кои влегуваат царевите јудејски и низ кои излегуваат, и пред сите ерусалимски порти,
20 па речи им: цареви јудејски, цела Јудејо и сите ерусалимски жители, вие, кои влегувате низ овие порти, чујте го словото Господово.
21 Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски,
22 и не изнесувајте товар од куките свои и во саботен ден и не вршете никаква работа, но саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им заповедал на татковците ваши,
23 кои, пак, не послушаа и не го приклонија увото, туку станаа тврдоглави, за да не слушаат и да не примаат поука.
24 И, ако ме послушате, вели Господ, да не носите товар во саботен ден низ портите на овој град и саботата да ја сметате за света, во тој ден не вршејки никаква работа,
25 тогаш низ портите на овој град ке влегуваат цареви и кнезови, кои ке седат на Давидовиот престол, кои ке се возат во коли и ке јаваат на коњи, тие и кнезовите нивни, Јудејци и ерусалимски жители, тогаш овој град ке биде вечно населен.
26 Па ке доа аат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата на Венијамина, од рамнините, од планините и од југ, и ке принесуваат сепаленици и жртви, лебен принос, ливан и благодарствени жртви во домот на Господа.
27 Ако, пак, не Ме послушате, за да го сметате саботниот ден како свет и да не носите товар, кога влегувате низ ерусалимските порти во саботен ден, тогаш ке запалам оган пред портите негови, и тој ке ги проголта куките ерусалимски и нема да угасне.