Еремија. Chapter 9
1 О, кој ке даде на главата моја вода и на очите мои - извор на солзи? Јас бев плачел ден и нок за убиените на керката на мојот народ.
2 О, кој би ми дал во пустињата последен престој! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, собир на престапници.
3 Како лак го запнуваат јазикот свој за лаги, со неправда се засилуваат на земјата; зашто минуваат од едно зло на друго и Мене не Ме поснаваат, вели Господ.
4 Пазете се секој од пријателот свој, и не се доверувајте никому од браката свои; зашто секој брат му става сопка на другиот, и секој пријател разнесува клевета.
5 Секој го лаже пријателот свој, и вистина не говорат: го научија јазикот свој да говори лага, се трудат да прават зло.
6 Ти живееш ме у измами, па поради измама тие откажуваат дека Ме познаваат, вели Господ.
7 Затоа вака вели Господ Саваот: ете, ке ги растопам и ке ги испитам; зашто, како инаку да постапам со керката на Мојот народ?
8 Јазикот нивни - стрела смртоносна, говори подмолно; со устата кон ближниот зборуваат пријателски, а во срцето свое му кројат примки.
9 Зар нема да ги посетам, вели Господ? Нема ли да се одмазди душата Моја на таков народ, како овој?
10 На горите ке кренам плач и пискот, и по пасиштата во степите - ридание, зашто тие се изорени, така што преку нив никој не минува, ниту се слуша блеење на стада: и птиците небески и добитокот - се се распрснало и избегало.
11 И ке го претворам Ерусалим во купишта камења, живеалиште на змии, и градовите на Јудеја ке ги направам пустиња, без жители.
12 Има ли таков мудрец, што ке го разбере ова? И оној, кон кого говори устата Господова - да објасни, зошто загина земјата и изгоре како пустиња, така што никој не минува низ неа?
13 И рече Господ - поради тоа што го оставија Мојот закон, што го бев определил за нив, не го слушаа гласот Мој и не постапија според него,
14 туку одеа според тврдокорноста на срцето свое и по Вааловци, како што ги научија татковците нивни.
15 Заради тоа вака вели Господ Саваот, Израилевиот Бог: еве, ке ги нахранам тие лу е со пелин, ке ги напојам со вода и жолчка.
16 и ке ги растурам ме у народи, што не ги познаваа ни тие ни татковците нивни и ке испратам по нив меч, се додека ги истреби.
17 Така вели Господ Саваот: побарајте и повикајте да дојдат тажачки; испратете да дојдат вешти жени за таа работа.
18 Нека побрзаат и да заплачат заради нас, та од очите наши да се лејат солзи и од клепките наши вода да тече.
19 Затоа што глас од плач се слуша од кај Сион: 'Како не ограбија, лошо сме посрамени, бидејки ја оставаме земјата - ни ги разрушија куките.'
20 Па така, слушајте го, жени, словото од Господа и да внимава увото ваше на словото од устата Негова; и учете ги керките свои на плач, и една со друга - на тажни песни.
21 Бидејки смртта влегува преку прозорците наши, се впушта во куките наши, за да ги истреби децата од улиците и младешта од плоштадите.
22 Речи: така вели Господ - и ке бидат фрлени труповите на лу ето како убре во поле и како снопја зад жетвари, и не ке има кој да ги собере.
23 Така вели Господ: мудриот да не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое.
24 А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме разбира Мене и дека знае оти Јас сум Господ, Кој покажува милост, суд и правда на земјата; оти само тоа е благоугодно пред Мене, вели Господ.
25 Ете идат денови, вели Господ, кога ке ги посетам сите обрезани и необрезани:
26 Египет и Јудеја, Едома и синовите Амонови, Моава и сите кои се стрижат од страна, што живеат во пустињата; оти сите тие народи се необрезани, а сиот дом Израилев има срце необрезано.