Еремија. Chapter 43

1 Кога Јеремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив,
2 тогаш Азаниј, синот Осаиев, и Јоанан, синот Кареев, и сите охоли лу е му рекоа на Јеремија: 'Тоа, што го зборуваш не е вистина; Господ, нашиот Бог, не те прати да кажеш - не одете во Египет, за да живеете таму'
3 туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да не предадеш во рацете на Халдејците, па да не убијат, или да не одведат како робови во Вавилон.'
4 И Јоанан, синот Кареев, сите војводи и сиот народ не го послушаа гласот на Господа, за да останат во земјата Јудејска:
5 Тогаш Јоанан, синот Кареев, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле од кај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска;
6 мажи, жени, деца, царевите керки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годолија, синот на Ахикама, син Сафанов, и пророкот Јеремија, и Варуха, синот Нириев;
7 па отидоа во земјата Египетска, бидејки не го послушаа гласот на Господа, и стигнаа до Тафнис.
8 И би слово Господово до Јеремија во Тафнис:
9 земи во рацете големи камења и сокри ги во измесена глина пред влезот на Фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците,
10 и кажи им - вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: еве, ке пратам и ке го доведам Навуходоносора, царот вавилонски, слугата Свој, и ке го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ке го распне над нив својот великолепен шатор
11 и ке дојде, па ке ја порази Египетската земја: и кој е за смрт, ке биде предаден на смрт; и кој е за ропство, ке отиде во ропство, а кој е за под меч - под меч.
12 Па ке запалам оган во светилиштата на боговите египетски; и тој ке ги изгори, а нив ке ги зароби, и ке се нагрне со Египетската земја, како пастир што се наметнува со облеката своја, па ке си отиде оттаму со мир.
13 И ке ги собори статуите на Бетсамис, што се нао аат во Египетската земја, и светилиштата на египетските богови ке ги изгори со оган.