Еремија. Chapter 47

1 Слово Господово што дојде до пророкот Јеремија за Филистејците, пред Фараонот да ја порази Газа.
2 Така вели Господ - еве, се креваат од север води, што ке се претворат во буен поток и ке ке ја потопат земјата и се што ја исполнува, градот и жителите во него: тогаш ке повикаа лу ето и ке заплачат сите жители на земјата.
3 Од топотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, татковците не ке можат да управат поглед кон децата свои, бидејки рацете нивни ке им отпаднат
4 од оној ден што ке дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејки Господ ке ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор.
5 Kе окелавее Газа, ке пропадне Аскалон и остатокот од нивната долина.
6 До кога ке сечеш, о мечу Господов, кога ке престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се.
7 Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Аскалон и против морскиот брег; натаму Он го определи.