Даниел. Chapter 12

1 И во тоа време ке се крене Михаил, големиот кнез, кој ке ги брани синовите на твојот народ, и ке настане време тешко, какво што немало откако постојат лу ето, па се до денес; но ке се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ке се најдат дека се запишани во книгата.
2 И многумина од оние што спијат во земниот прав ке се разбудат - едни за живот вечен, а други за укор и срам.
3 И разумните ке сјајат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда - како sвездите, во веки, засекогаш.
4 'А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ке ја прочитаат и знаењето ке се умножи.'
5 Тогаш јас, Даниил, погледав и ете пред мене стојат двајца други, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката.
6 Едниот му рече на човекот со ленена облака кој стоеше над реката: 'Кога ке биде крајот на овие чудни работи?'
7 И чув, кога човекот со ленената облека, што се нао аше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот, дека сето тоа ке се изврши кон крајот на времето и времињата и полувремето и по завршувањето снемување сила на светиот народ.
8 Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: 'Господаре мој, што ке биде потоа?'
9 Тој одговори: 'Оди си Данииле, оти тие зборови се сокриени и запечатени до последното време.
10 Многумина ке се очистат, ке се избелат и ке бидат искушани; нечестивете ке почнат пак нечесно, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ке разберат.
11 Од времето, кога ке се прекрати секојдневната жртва и ке се постави мерзоста на запустувањето, ке минат иљади и двесте и деведесет денови.
12 Блажен е оној што чека и ке дочека иљада и триста и триесет и пет дена.
13 А ти оди си во својот крај, па ке се успокоиш, и ке останеш да го добиеш својот дел со жреб до крајот на своите дни.'