Даниел. Chapter 3

1 Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Деир, во областа Вавилонска.
2 И нареди царот Навуходоносор, да се соберат сите сатрапи, намесници, војдови, врховни судии, ризничари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото откривање на идолот што беше го поставил царот Навуходоносор.
3 И се собраа сатрапите, немесниците, воените началници, врховните судии, ризничарите, правниците, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот Навуходоносор го беше поставил, и застанаа пред идолот, што беше го подигнал Навуходоносор.
4 Тогаш гласникот високо извика: 'Ви се објавувам вам народи, племиња и јазици -
5 штом ке го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од гуслето и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор;
6 а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ке биде фрлен во вжарена печка.'
7 Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од гуслето и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор.
8 Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците.
9 Тие му рекоа на царот Навуходоносор: 'Царе, жив да си довека!
10 Ти царе, даде заповед секој човек што ке го чуе гласот од трубата, свирката, цитрата, гуслето и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол;
11 а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка.
12 Но има лу е Јудејци што си ги постави над работите на земјата вавилонска - Седрах, Мисах и Авденаго; тие лу е не се поклонија на твојата заповед, царе, на твоите богови не им служат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.'
13 Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седраха, Мисаха и Авденаго; и ги доведоа тие лу е пред царот.
14 Навуходоносор им рече: - Седрахе, Мисахе и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте?
15 Отсега, ако сте спремни, штом ке го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, гуслето, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ке бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ке ве избави од раката моја?
16 Одговорија Седрах, Мисах и Авденаго и му рекоа на царот Навуходоносор: 'Нема потреба да ти одговориме на тоа.
17 Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да не спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ке не избави.
18 Ако пак и тоа не се случи, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил нема да му се поклониме.'
19 Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и изгледот на лицето негово се измени против Седраха, Мисаха и Авденаго, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;
20 и им заповеда на најзилните лу е од војската своја да ги врзат Седраха, Мисаха и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.
21 Тогаш тие лу е беа врзани со долните и горните облеки, со предврски на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.
22 Бидејки царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви лу ето што ги фрлија Седраха, Мисаха и Авденаго.
23 А тројцата - Седрах, Мисах и Авденаго - паднаа во вжарената печка врзани.
24 Царот Навуходоносор кога чу дека тие пеат, се возбуди, стана брзо и им рече на големците свои: 'Нели трите души врзани ги фрливме во огнот?' Тие му одговорија на царот: 'Навистина така беше, царе!'
25 На тоа тој рече: 'Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и подобието на четвртиот е слично на синот Божји.'
26 Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: 'Седрахе, Мисахе и Авденаго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.' Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот,
27 и штом се собраат сатрапите, намесниците, воените началници и советниците цареви, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие лу е, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им се беа измениле, па дури и мирис на изгорено немаше на нив.
28 Тогаш Навуходоносор рече: 'Нека е благословен Бог на Седрах, Мисаха и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог!
29 И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците изговори хула против Бога на Седраха, Мисаха и Авденаго, да се исече на парчиња и куката да му се претвори во урнатини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.'
30 Тогаш царот ги возвиси Седраха, Мисаха и Авденаго во земјата Вавилонска и ги возвеличи и ги удостои со началства над другите Јудејци во царството свое.