Амос. Chapter 6

1 Тешко им на оние што се без грижа во Сион и на оние што се надеваат на гората Самариска, кои се првенци во народот, и при кои доа а домот Израилев!
2 Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Емат и спуштете се во Гет филистејски: зар не се подобри тие во овие царства? Не ли се пошироки нивните предели од вашите предели?
3 Тешко вам, кои сметате дека е далеку злочестиот ден, а правите да се приближи славата на насилството,
4 вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,
5 вие, кои пеете по звукот на гусла, мислејки дека свирите како Давид,
6 вие, кои пиете вино од чаша, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за злото на Јосифа!
7 Затоа сега тие ке појдат први во ропство пред заробените, и ке се заврши ликувањето на разнежените.
8 Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јакова и ги мразам дворците негови, и ке го предадам градот и се, што го исполнува.
9 И, ако во некоја кука остана десет души, и тие ке умрат.
10 ке ги земе роднината нивни или соседот, за да ги изнесе коските нивни од куките, па ке го прашаат оној, кој стои пред куката: 'има ли уште некого?' Тој ке одговори: 'нема никого'. И овој ке рече: 'молчи, оти не бива да се спомнува името Господово.'
11 Зошто, ете, Господ ке даде заповед и ке ги сосипе големите куки преку расцепување, а малите со напукнување.
12 Трчаат ли коњите по карпа? Може ли таа да се изоре со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата - во горчина;
13 вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: 'зар не спечаливме со силата на својата мок?'
14 Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ке подигнам народ против вас, доме Израилев и ке ве истерам од влезот во Емат до потокот во пустињата.