Пословици. Chapter 22
1 Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е добра слава, отколку сребро и злато.
2 Богатиот и сиромавиот се срекаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
3 Умниот го гледа злото и се клони; а безумните одат напред и се казнуваат.
4 Плодови на мудроста се: стравот Господен, богатството, славата и животот.
5 По патот на подмолниот - трње и стапици: кој ја пази душата своја, ке бега од нив.
6 Поучи го момчето го почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ке остари.
7 Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.
8 Кој сее неправда, ке пожнее зло, и прачката на гневот негов ке го удри него самиот,
9 Господ го сака човекот, што доброволно дава, и ке го пополни недостигот не делата негови.
10 Милосрдниот ке биде благословен, што им дава на бедните од лебот свој. Кој дава подароци, печали победа и чест, и дури овладува со душите на оние, што ги добиваат.
11 Истерај го подбивачот, и раздорот ке изчезне, ке престанат кавгата и навредите.
12 Господ љуби чисто срце, Нему Му се пријатни оние, што одат по прави патишта; со устата своја управува царот над народот свој.
13 Очите на Господа го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Он ги презира.
14 Мрзливиот вели: 'Лав на улицата! На патот има разбојници!'
15 Устите на законопрестапниците се длабока бездна: на кого Господ ке се разгневи, тој ке падне во неа. Пред лошите се појавува лош пат, но тие продолжуваат да одат по него,
16 Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ке го отстрани далеку од него.
17 Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, - ке осиромаши.
18 Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови, за да разбереш дека се добри.
19 Зашто ке се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.
20 За да биде твојата надеж во Господа, јас ти го покажувам патот твој.
21 А ти сега запиши ги трипати, советите и поуките во срцето свое; јас те поучив на зборовите вистински и добри, ти одговарам, точно на сите тои прашања.
22 Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник при портите, -
23 оти Господ ке се застапи за нив, и ке ја истргне душата на грабачите нивни.
24 Не дружи со гневлив и не оди со човек жесток,
25 за да не се навикнеш на нивни патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
26 Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за ту и долгови:
27 ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?
28 Не преместувај стари ме и, кои твоите татковци ги поставиле.
29 Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ке стои пред цареви, нема да стои пред прости.