Пословици. Chapter 24

1 Синко, не завидувај им на лошите лу е, и не посакувај да бидеш со нив,
2 зашто срцето нивно насилство намислува, и устите нивни за лошо зборуваат.
3 Со мудрост кука се изградува и со разум се зацврстува,
4 а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра.
5 Мудриот човек е подобар од силниот, а разумниот - од оној што има голем имот.
6 Затоа со обмислување се води војна, а успех ке има со многу советувања.
7 Пред вратите на мудрите има мудрост и добра мисла; мудрите не се оддалечуваат од законот на Господа.
8 Кој мисли да направи зло, ке го наречат лош човек.
9 Безумниот умира во гревови; нечистотата негова го убива.
10 Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата.
11 Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и оние што сакаат да ги убијат, не откажувај се од нив.
12 Ако кажеш: ‘ете, ние не го знаевме тоа?‘ А Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ке му даде на човекот според делата негови.
13 Јади, синко, мед, затоа што е пријатен, и јади восочен мед, кој е сладок за грлото твое:
14 такво е за душата твоја и познавањето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави.
15 Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојство негово,
16 зашто седумпати ке паден праведник - и пак ке стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото.
17 Немој да се радуваш, кога непријателот твој ке падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ке се сопне.
18 Инаку, Господ ке види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Он ке го оттргне од него гневот Свој.
19 Не лути се поради зломисленици и не завидувај им на безбожниците,
20 зашто лошиот нема потомство; и светилото не нечесните ке згасне.
21 Бој се, синко, од Господа и до царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот,
22 оти неочекувано ке дојде казната од нив, - а кој е тој што ке ја предосети пропаста до нив двајцата?
23 Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрастност.
24 Кој му вели на виновниот: ‘прав си‘, него народите ке го проколнуваат, него племињата ке го мразат;
25 а кои разобличуваат, ке бидат сакани, и врз нив ке дојде благословот.
26 Во усата бакнува оној, кој изговара зборови чесни.
27 Уреди ги работите надвор од куката, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој.
28 Не сведочи лажно против ближниот свој: зошто да лажеш со устата своја?
29 Не вели: ‘Како ми направи тој мене, така и јас ке му направам нему: ке му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.‘
30 Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на малоумен човек:
31 и ете, се беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната.
32 И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков:
33 ‘малку ке поспиеш, малку ке задремеш, малку со скрстени раце, ке полежиш‘ -
34 и сиромаштијата ке ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја - како вооружен човек.‘